ЧИТАЈ | СЛУШАЈ | ГЛЕДАЈ |
„ЉУБОВНИОТ ГОВОР НА ТЕЛОТО“ АЛАН И БАРБАРА ПИС |
„LOVE“ – MICHAEL BUBLÉ | „HUNTER KILLER“ (ЛОВЕЦ УБИЕЦ) |
![]() |
![]() |
![]() |
Говорот на телото е основата на која се базира додворувањето, заради тоа што преку него се открива дали сме слободни, привлечни, подготвени, занесени, секси или очајни. Додека некои од сигналите за додворување се претходно подготвени и намерни, некои други се потполно несвесни. Секој може да ја совлада вештината на читањето на сигналите. „Љубовниот говор на телото“ ќе ви даде одговори на некои од најзагадочните прашања коишто ви се појавиле во врска со спротивниот пол, а тоа засекогаш ќе го смени вашето сопствено однесување. Тоа му доаѓа како отсекогаш да сте се наоѓале во темна одаја, во која сте можеле да ги почувствувате и мебелот и сето она што се наоѓа по ѕидовите како и вратата, а всушност никогаш не сте виделе како тие изгледаат. Читањето на оваа книга ќе ви биде како вклучување на светлото за да го видите она што отсекогаш било таму. | Десеттиот студиски албум на четириесет и тригодишниот канадски пејач излезе лани, на 16 ноември (продуциран од „Reprise Records“), откако се подобри здравствената состојба на постариот син, на кој му беше дијагностициран рак на црниот дроб. На почетокот го негираше кариерниот развој, најавувајќи дека ќе го прекине, а денес, две години потоа, одржува и концерти. На 16 септември, годинава, ќе пее во Загреб. Албумот се „темели“ врз синглот „When I Fall in Love“ што го издаде на 27 септември 2018-та. Потоа следуваа „Love You Anymore“ (12 октом- ври) и „Such a Night“ (9 ноември), кои исто така се наоѓаат на албумот. Останатите осум песни се: „I Only Have Eyes For You“, „La Vie en Rose“ (feat. Cécile McLorin Salvant), „My Funny Valentine“, „Forever Now“, „Help Me Make It Through the Night“ (feat. Loren Allred), „Unforgettable“, „When You’re Smiling“ и „Where or When“. Во продажба е и специјална, луксузна едиција каде што е и „When You’re Not Here“, и „I Get a Kick Out of You“. | Во длабочината на Арктикот, подморницата Hunter Killer е во потрага по американски бродови што пловат под морската површина во невола. Неа ја раководи капетанот Joe Glass. Штом ќе открие дека на мирот и безбедноста, во поширока смисла, им се закануваат силни удари под водство на руската разузнавачка служба, тој, заедно со посадата, ставајќи ја татковината на коцка, мора да ги собере елитните трупи на воената морнарица Navy SEALs за да се протнат низ непријателските води и да го ослободат, спасат киднапираниот руски претседател и да спречат Трета светска војна. Кога со сила ќе се тргне во борба против вооружени сили, се јавува опасност од почеток на војна што требала да се спречи. Жанр: Драма/трилер Глумци: Gerard Butler, Gary Oldman, Common, Linda Cardellini Режија: Donovan Marsh |