LEXUS RZ 450E-НОВ ЕЛЕКТРИЧЕН „СУВ“ ОД ЛЕКСУС

10/05/2022

Неодамна претставениот „лексус рз 450 е“ е всушност продолжение од концептот „лексус лф – з“, батериско возило со погон на сите тркала претставено минатата година. Сè е во ред со засебната платформа направена од лексусовите конструктори, велат со таа платформа возилото добило многу подобри возни особини, но има едно нешто кое не е наследено од концептот, а тоа е дизајнот. Речиси флуидниот дизајн на концептот „лф – З“ останал таму некаде заробен во некое музејско депо и сега наместо да го краси новиот модел, тоа чудо фаќа прашина. Зошто дизајнерите му дале предност на обичниот, а му кажале не на флуидниот облик?

Секоја чест за големото меѓуоскино растојание (2.850 мм) кое овозможило подобро разместување на тежината, подобро сместување на батериите во подот и секако ниско изведеното тежиште. На сето ова додадена е контрола врз секое тркало, односно се надгледува вртежниот момент. На тој начин секое тркало добива врвен контакт со подлогата. Каде што има врвен контакт со подлогата, таму има врвна стабилност. Тој уред за надгледување е наречен „директ 4“.

Покрај ова друга полезност од новата платформа има уште една, а тоа е поголемата удобност во внатрешноста. Како што изјавуваат од Лексус, кабината е правена исклучиво да биде во служба на патниците и возачот. Тука треба да го спомнеме панорамскиот покрив со можност за затемнување, детаљ кој помага при намалување на температурата  во возилото преку летните месеци. Нема зошто да не им веруваме, тамошните се премногу внимателни за секој детаљ на сите возила кои носат име Лексус, а така мора и да биде бидејќи се работи за премиум класата.

Што се однесува до литиум јонската батерија, за неа Лексус дава гаранција од 10 години и вели по тој период нејзината моќност ќе се спушти на 90 отсто. Обликот на „лексус рз 450 е“ е сè уште мистерија со прашањето кое лебди, ако високата технологија земала големо учество во новиот „сув“, зошто дизајнот од концептот не преминал на серискиот модел?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.