Ист е како и неговите браќа, го има сиот луксуз и удобност, само што е најмал во семејството. Со должина од само 4,19 м, Лексус со најновиот сув „л б икс“ настојува да ги зацврсти позициите на континентов. Возилово е дизајнирано и конструирано на европско тло така што јасна е намерата на Лексус.
Најновиот сув на Лексус е направен на приспособливата основа наречена ГА – Б. Колку за информација истата ја користи и „тојота јарис крос“. „Лексус л б икс“ има хибриден погон составен од бензински 1,5 литарски турбо мотор и електромотор кој самостојно се напојува со електрична енергија произведена кога возиото ги користи сопирачките и преку работата на моторот.
Вкупната силина со која располага возилото е еднаква на 136 КС, најголемиот вртежен момент изнесува 185 Нм. Таа силина се пренесува само на предните тркала, но и на сите четири со помош на два електромотори кои ја задвижуваат задната оска. Останува на купувачите што ќе одберат, погон на две или на четири тркала.
Изведбата со погон на две тркала има поголем простор во товарниот оддел, 332 литри, додека изведбата со погон на сите тркала нуди за нијанса помал простор поради повеќето делови вградени за задвижување на задната оска.
Жарко Атанасоски