ЧИТАЈ | СЛУШАЈ | ГЛЕДАЈ |
„ЛЕКА НОЌ, АЈРИН“ ЛУИС АЛБЕРТО УРЕА |
„CANDLELIGHT CLASSICS“ (CLASSICAL MUSIC FOR ROMANTIC DINNER) |
THE BRUTALIST“ (БРУТАЛИСТ) |
![]() |
![]() |
![]() |
Лека ноќ, Ајрин“ од Луис Алберто Уреа е епска приказна за љубов, пријателство и надеж во најтешките времиња. Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и книга на годината според: Амазон, Киркус ривјус, Енпи-ер, Ен-би-си, Чикаго паблик лајбрери… Во 1943 година, Ајрин Вудворд го напушта својот насилен свршеник во Њујорк за да се пријави во Црвениот крст и да замине за Европа. Таа брзо се спријателува со Дороти Данфорд и заедно стануваат дел од елитна група жени, наречени „Крофнести куклич- ки“. Тие се на првата борбена линија, упра- вуваат со воени автобуси наречени „Клуб- мобили“ и обезбедуваат другарство и вкус на домот што може да биде единствена утеха пред војниците да одат во битка. По Денот Д. им се придружуваат на сојузничките војници, кои навлегуваат во Франција. Додека се во Европа, ќе се најдат во сериозни опасности, од битката на Бастоњ до ослободувањето на Бухенвалд. Преку пријателството со Дороти и љубовната врска со храбриот американски пилот Ханс, Ајрин учи повторно да верува. Нејзината најголема надеж, што станува сè понесигурна со секој нов ден, е сите тројца да ја преживеат војната. |
Познатата џезистка од Париз со ерменско потекло на крајот од јануари го промовира својот четврти албум со наслов „Phenomenal Women“, инспириран од поетското творештво на Маја Ангелу, една од жените за кои се вели дека го промениле текот на светската книжевност. Се воодушевила од нејзиното видео снимено во Лондон пред 38 години, во 1987-ма, додека рецитирала стихови од „Phenomenal Woman: Four Poems Celebrating Women“. Со албумот ù оддава почит на поетесата, но и на сите жени воопшто. Цедето можете да го нарачате онлајн, а постои можност песните да ги слушате и на нејзината веб-страница и на дигиталните платформи, бесплатно. „You Love Her“, „Mana Mana“, „Celebrate“, „Survoler La Lune“, „Nare Nare“, „Nobreza“, „Prelude To A Ritual“, „Phenomenal Women“, „Plage Solaire“, „Kef Time“, „Petite Zibeline“, „Ya Dirati“ и „Outro“ сигурно ќе ве инспирираат и вас, на каков и да е начин. Macha Gharibian е комплетен автор на сите 13 песни. Освен што пее, свири и на пијано. Често настапува во њујоршките џез-клубови, а дебитираше во 2013 година со „Mars“. Потоа го издаде „Trans Extended“ (во 2016-та), па „Joy Ascension“ (во 2020 година). |
American Film Institute го вброи „The Brutalist“ меѓу 10-те најдобри филмови во минатата годинa, чија премиера се одр- жа на 81. Филмски фестивал во Венеција (1 септември, лани), а се натпреваруваше и за „оскар“ на годинашното 97. доделување (3 март), со 10 номинации. Го доби и „златниот глобус“ за најдобра драма (6 јануари). Имено, се работи за копродукција на Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Унгарија. Филмот ја раскажува приказната за László Toth – унгарски архитект, припадник на еврејската религија, кој успева да го преживее холокаустот и да емигрира во САД со цел да ги реализира своите соништа. Во тоа ќе му помогне имашливиот клиент. Автор на филмското сценарио е Brady Corbet, кој во исто време се потпишува и како режисер, заедно со Mona Fastvold. Жанр: епска, историска драма Актери: JAdrien Brody, Felicity Jones, Guy Pearce, Joe Alwyn, Raffey Cassidy, Stacy Martin, Emma Laird, Isaach de Bankolé, Alessandro Nivola Режија: Brady Corbet |