ESTREMA FULMINEA-БРЗ КАКО МОЛЊА

11/05/2021

По којзнае кој пат, држава Италија, место на случување Модена, а таму има што да се види – Аутомобили Естрема, нова работилница и тоа не било каква туку од тие што создаваат екстремно брзи автомобили, што и самото име го потврдува. Тоа во превод значи повторно супер спортски купе автомобили. Основач на компанијата е Џанфранко Пицуто некогашен акционер и застапник на автомобилите Фискер за континентов.

Ултра супер автомобил со ултра супер силина, ни повеќе ни помалку туку 2.040 на број излезени од четири електромотори по еден за секое тркало. Кој е тој што ќе скроти 2.040 коњски сили, тој што умее да управува ултра супер брзи автомoбили или тој што има пари? Проблематикава не ни е позната и нема да ни биде, но затоа знаеме за тежината на автомобилот која заедно со батериите изнесува 1.504 килограми

Името на автомобилот? „Естрема фулминеа“. А зборот фулминеа од италијански преведено на македонски означува брз како молња. А дали знаете зошто е тоа така? Затоа што ова чудо на тркала постигнува 320 км/ч за помалку од 10 секунди. Еве ја конкуренцијата на Римац и ќе биде занимливо да видиме како хрватската работилница ќе се снајде со соседот од Модена.

Светската премиера ќе се одржи на 13 мај во Торино и тоа на место кое прилега за такво нешто, Торинскиот музеј за автомобили.  Според Аутомобили Естрема првиот примерок ќе стигне до купувачот во втората половина од 2023 година

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.