Ова е прв целосно електричен автомобил од програмата на Киа, а по него ќе следат уште 10. Така ветија челниците. Моделот „ев 6“ е направен на новата платформа наречена „електрик глобал модулар платформ“, а подоцна истата ќе ја делат повеќе возила. Моделот сè уште не е официјално претставен и како што приметувате фотографиите само го наговестуваат неговото доаѓање. Во иднина сите модели од Киа кои ќе бидат задвижувани исклучиво со електрична енергија ќе носат ознака „ев“ да се одделат од тие погонувани од ото и дизел мотори, а бројката по овие две букви го означува местото на моделот во семејството.
Новото Киино мото „Движење кое инспирира“, всушност е рекламна порака која оди заедно со новата дизајнерска линија, а тие две нешта ги има во себе моделот „ев 6“ кој официјално ќе биде претставен во втората половина од овој месец или во април.
Жарко Атанасоски