ЧИТАЈ | СЛУШАЈ | ГЛЕДАЈ |
„ЌЕРКИТЕ НА ЛОРД ВЕСТЕРАМ“ РИС БОУЕН |
„FUNNY LITTLE FEARS“ DAMIANO DAVID |
„THE LIFE LIST“ (СÈ ШТО ПОСАКУВАВ) |
![]() |
|
![]() |
Повеќеслојна драма за хаосот на војната, за довербата, за предавството, за љубовта и за силните жени, од авторката на бестселери Рис Боуен. Лорд Вестерам има пет ќерки, кои се обидуваат да го пронајдат своето место во светот, додека Втората светска војна беснее со полна сила. Памела работи во најстрога тајност за МИ5 во Лондон, додека нејзината сестра Марго се вклучува во француското движење на отпорот. Преостанатиот дел од семејството го дели својот имот со војската, обидувајќи се да го задржи нормалниот живот во селото. Но, кога во шумата крај имотот Фарли Плејс пронаоѓаат мртов војник, односите се затегнуваат: изгледа дека меѓу нив има германски шпион… Кој е овој човек и од чија страна е? И што бара толку блиску до Фарли Плејс? Потрагата по одговори го води агентот на МИ5 Бен Красвел, пријател на семејството Сатон, но трагата на шпионите, предавниците и заговорите, но и поблиску до неговата голема љубов Памела Сатон, која досега имаше очи само за воениот херој Џереми. Сепак, и Памела не ги открива сите свои тајни.. | Познатиот италијански пејач со промовирањето на дебитантскиот албум „Funny Little Fears“ минатиот месец почна да настапува соло без оглед на тоа што и натаму членува во групата „Манескин“. „Funny Little Fears“ е издание на Sony Music Entertainment Italy и Arista Records. Како што се вообичајува, нему му претходеа три сингла: „Silverlines“ (27 септември 2024), „Born with a Broken Heart“ (25 октомври 2024) и „Next Summer“ (28 февруари 2025), за кои има и видеоспотови. Сето тоа беше проследено со турнеја самостојна, се разбира. Дамјано Давид секогаш изненадува со својата ексцентричност. И овој пат не беше исклучок, претставувајќи се како затвореник, лице што издржува казна во италијански затвор. До крајот на годинава ќе настапи и во Америка. Песните се достапни на интернет и одделно, како и цедето и плочата со вкупно 14 музички нумери: „Voices“, „Zombie Lady“, „The Bruise“, „Sick of Myself“, „Angel“, „Tango“, „Tangerine“, „Mars“, „The First Line“, „Perfect Life“ и „Solitude (No One Understands Me)“. | Веднаш по светската премиера на 28 март, филмот беше прогласен за најгледан на Нетфликс. За само два дена го собори рекордот. „The Life List“ е романтична комедија, позната како „драмедија“, снимена по истоимениот роман на Лори Нелсон Шпилман, чии режија и сценарио се потпишани од Адам Брукс. Приказната е посветена на Алекс Роуз (Софија Карсон), која по смртта на мајка ù почнува да ги исполнува своите желби од листата што ја напишала уште како дете. Во текот на тоа патување, Алекс се соочува со низа подеми и падови, ама и се вљубува. Критичките осврти се различни, поделени. Еден дел од рецензентите го оценуваат филмот како топол, пријатен (предизвикувајќи убави чувства, задоволство, уживање), додека пак другите сметаат дека му недостасува енергија и автентичност. Како и да било, сите се согласни дека „Сè што посакував“ задолжително треба да се погледне. Сигурно ќе ве опушти. Трае 125 минути. • Жанр: „драмедија“ романтична комедија Актери: Sofia Carson, Kyle Allen, Connie Britton Режија: Adam Brooks |