Извештај кoj повикува на сеопфатен поглед на урбаната мобилност

14/05/2019

Во април 2019 година, „Ricardo Strategic Consulting“ објави бела книга за развој на паметна, поврзана и автоматска мобилност. Во неа особено е нагласено како преференциите на потрошувачите при избор на транспорт, сè помалку ќе бидат под влијание на рационални аспекти, како што се времето на патување и трошоците, а сè повеќе ќе бидат под влијание на аспекти кои се поврзани со нивните емоционални потреби. Како резултат на тоа, популарноста на опциите за урбан транспорт нема да се разликува само според достапноста, туку и според демографијата и генерациите.

Предвидувајќи го транспортот до 2030 година, утврдено е дека сопственоста на автомобилот сеуште ќе игра улога на патувања на средно растојание. Таа е особено привлечна за семејствата или за оние кои претпочитаат приватноста.

Потрошувачите ќе прават компромис меѓу аспекти како погодноста, времето на патување и трошоците, ако ваквото патување за нив носи подоброно искуство. На пример, потрошувачот за време на патувањето можеби сака да користи социјални медиуми и заради тоа да избере опции на транспорт како пешачење, метро или такси.

„Ricardo Strategic Consulting“ препорачува сеопфатен поглед на пазарот и технологијата на урбаната мобилност, кој бара експертско познавање на возилата, многу податоци, демографија и познавање на градскиот пејзаж.

Белата книга исто така ја нагласува и важноста на приватноста и заштитата на податоците, при интеграција на податоците на потрошувачите со идните „паметни“ мобилни услуги.

 

Благица Блажевски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.