HYUNDAI SANTA CRUZ-„САНТА КРУЗ“ ВО СЕРИСКО ИЗДАНИЕ

30/04/2021

Требаше да минат речиси пет години за Хјундаи да направи потег повеќе и од концепт пикапот „санта круз“ да произведе сериско возило. Уште на почетокот од текстов треба да го нагласиме следново – концептот „санта круз“ е преубав, но неговата сериска изведба  дизајнерски не му е дорасната. Тоа е факт, а тие што не го гледаат недостатокот што го направиле одговорните во фабриката, тоа значи дека се пристрасни. Концептот располага со врвен дизајн за возило од класата пикап и голема штета е што серискиот модел отстапува со својот облик од обликот на концептот. Сепак има нешто задржано, се приметуваат убавите линии, но зошто биле потребни промени во и онака привлечниот дизајн на концептот.

Опремата која ја поседува пикапот „санта круз“ не се разликува многу од таа што е во останатите возила од семејството. Дигиталната табла односно големиот екран е присутен исто како и мноштвото од електронски безбедносни помагала како на пример: системот за сопирање во крајна нужда со способност за откривање на пешаци и велосипедисти, потоа откривање возила во слепиот агол и други слични сиситеми.

Задвижувањето се одвива преку еден реден четирицилиндричен мотор со работна зафатнина од 2,5 литри, но во две изведби, едниот без, а другиот со турбо компресор. Атмосферскиот мотор располага со 193 КС и максимален вртежен момент од 244 Нм, додека изведбата со турбо компресор развива 279 КС и 420 Нм максимален вртежен момент.

Кога сите мислеа дека Хјундаи развива основа наменета исклучиво за теренски товарни возила какви што се пикап изведбите, производителот изненади со позајмена основа, така што неговиот прв пикап е направен на истата платформа како и сув моделот „тусон“. Зошто Хјундаи се одлучил на ваков чекор само тој знае.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.