Toa „н“ кое стои покрај името на моделот го покажува спортскиот дух на автомобилот, мотор со малку повеќе коњски сили, но и најдобрата опрема во семејството која се добива без доплата. Не дека нема дополнителна опрема и за тие со „н“, туку сакаме да ја напомнеме богатата сериски вградената опрема.
Зборуваме за „хјундаи кона“, автомобил кој сè уште не е официјално претставен, но од производителот стигнаа официјални фотографии за кои вели: „ова е новата „кона н“, но фотографииве ги водиме како тие што ја будат љубопитноста“. Овој пат фотографиите од новиот модел не се ни замаглени, а уште помалку затемнети на кои најчесто се препознава единствено силуетата. Објавените фотографии не кријат ништо. А што ако производителот подготвува некое ново дизајнерско решени кое ќе го обелодени за време на официјалното претставување. Ќе почекаме уште некој ден, а потоа на потег е Хјундаи и одговорните.
Ако нештата се одвиваат како што е редот во семејството „н“, тогаш во „хјундаи кона н“ ќе биде вградуван 2,0 литарскиот мотор со четири цилиндри во линија и турбо компресор кој поседува солидни 280 КС и максимален вртежен момент од 392 Нм заедно со осумстепениот автоматски менувач со двојна спојка. Овој мотор го има во моделот „и 30 н“.
Жарко Атанасоски