И електричната „кона“ доби редизајн, но зошто дури сега, а не во септември заедно со останатите од семејството. Тогаш беше претставен моделот што „чади“, а овој еколошкиот сигурно е многу посебен штом дури сега го гледа светот.
Редизајнот вели измени на предниот дел (нов браник и нови лед светла) и на задниот, нови се и алуминиумските тркала, изборот на боите сега е вкупно 10 и секако без тој фамозен екран осетлив на допир со дијагонала од 10,25 инчи не може сето тоа да мине и без да заземе централно место во официјалниот допис при претставувањето на „хјундаи кона електрик“.
Производителот го нуди редизајнираниот електричен модел во две изведби. Основната има 39,2 kWh батерија, 136 коњски сили и со едно полнење изминува 305 километри. Оваа изведба постигнува максимални 155 км/ч. Поснажната изведба располага со 64 киловатна батерија и располага со силина од 204 КС. Батеријата која се полни преку брз полнач до 80 отсто за време од 47 минути, способна е да го снабдува возилото со енергија за изминување на 484 километри и притоа да постигне крајна брзина од 167 км/ч.
Жарко Атанасоски