Хјундаи воопшто не мирува. Ако мислите дека не е така тогаш се лажете затоа што неговиот најмал „сув“ го соборува вашето мислење. Е сега си го поставувате прашањето зошто толку мал „сув“? Штом направиле толку мал сув“ тогаш сигурно го надгледувале пазарот со години и децении наназад. Покрај домашниот, Индија ќе биде главниот пазар, но и некои други делови од светот, како на пример земјите во Индискиот океан и неговото крајбрежје, а нема да биде чудно ако дадат мала предност и на континентов, затоа што овдешните купувачи со децении наназад умеат и сакаат да купуваат и возат мали возила, впрочем ова е континент на малите автомобили.
Новото возило на Хјундаи е наречено „каспер“, како што вели Хјундаи, според Боби Бојден мајстор на даските што се тркалаат (скејтборд). Тој во ’70 години од минатиот век на едно натпреварување извел дотогаш невозможна акробација. Таа акробација е наречена „каспер“ токму од изведувачот Б. Бојден, но акробацијата го добива тоа име според секогаш чудесниот мал и добар дух Каспер кој во цртаните филмови прави невозможни нешта. Токму поради таа виртуозност на јунакот од цртаниот филм скејтбордистот Бојден го именувал сопственото акробатско возење (движење) како „каспер“, затоа тоа што тоа движење го извел еднакво добро како бравурозните потези од добриот дух Каспер.
Возилото ги има следниве димензии, должина 3.595мм, ширина 1.595 и висина 1.575мм и со растојание меѓу оските од 2.400мм, а е правено на платформата наречена „к 1“ која веќе ја користат „хјундаи и 10“ и „киа пиканто“. Засега се познати две погонски единици, односно една со две силини – трицилиндричен мотор со работна зафатнина од 1,0 литри со 75 атмосферски коњски сили и со 99 КС, но со помош на турбо полнач. Силината се пренесува до предната оска преку петстепен обичен менувач или автоматски со исто толку брзини. Можно е изведбата наменета за индискиот пазар да биде со 1,2 литарски мотор со четири цилиндри и 83 КС, а се зборува дека подоцна, некаде на половина од 2023 година, ќе биде претставен и електричен „каспер“.