HONDA PRELUDE-„ПРЕЛУД“ ВО КОНЦЕПТ (СЕРИСКА) ИЗВЕДБА

19/07/2024

Минатата година на домашен терен Хонда ја претстави новата генерација од моделот „прелуд“, шеста по ред. Но тоа беше во Јапонија, а годинава производителот реши да претстави концепт на Фестивалот на брзината што секоја година се одржува во Гудвуд. Не е саемска манифестација, туку собир на автомобили кои возат, да речеме, два –  три почесни кругови и тоа е сѐ.

Податоците се оскудни за концептот. Накусо велат во извештаите дека овој пат „прелудот“ ќе понуди уживање во возењето какво што досега никој не искусил.

Можеби е така, машинеријата на Хонда умее да направи мошне солидно купе, така што треба да им веруваме на првичните изјави. Претходните генерации имаа и по 200 КС во моторите, но можеби сега Хонда подготвува нешто со повеќе (хибридна) силина. Сепак засега ќе оди без чисто електрична изведба, а подоцна којзнае што ќе реализираат конструкторите.

Не се знае кога точно Хонда ќе го претстави серискиот модел наменет за континентов, но уште при првото појавување во 1978, „хонда прелуд“ предизвика голем интерес меѓу љубителите на купе автомобилите.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.