HONDA N-VAN-СÈ ВО СЛУЖБА НА КАМПЕРИТЕ

01/10/2021

Многу занимливи нешта се случуваат во светот на автомобилите. Некои производители на спортски купе автомобили почнаа да прават и комбиња, а на другиот дел од светот, Далечниот Исток, Хонда наскоро за првпат ќе го претстави концептот „н – ван кампо“. Тоа е возило со посебен простор за патниците и посебен дел за погонската единица, односно не е еднопросторно. Неговиот облик е коцкаст со цел да се добие што поголема внатрешност затоа што нагласувањето е ставено на кампирање и до крајни граници искористен простор.

Според тамошните закони најмалите автомобили не смеат да бидат поголеми од следниве димензии: должина не поголема од 3,4 метри, ширина помала од 1,47 м и висина не повеќе од 2,0 метри. Колку за споредба со димензиите, концепот е голем колку „фиат панда“ првата генерација, само што возилото на хонда е повисоко. Кај овој тип возила дозволен е мотор до 0,66 литри зафатнина и не повеќе од 62 КС. Сите овие параметри ги поседува концептот „хонда н – ван кампо“ и затоа во него е вграден мал турбо бензински мотор со три цилиндри.

Возилото во внатрешноста ја крие досетливоста на дизајнерите кои направиле сè да функционира беспрекорно и да е во служба на камперите. Да не ви се верува што сè може да има еден ваков концепт, од спална соба, катче за дневен престој, кујна и сè до мноштво од фиоки и места каде можете да ги сместите вашите лични работи. Сите овие нешта ги овозможува подвижната внатрешност. Сè нешто се склопува, се собира, се расклопува, се врти, се поместува, дури и „ѕидовите“ од возилото се подвижни. Фотографиите говорат многу повеќе.

Потребно е вакво нешто, затоа што застанувате каде сакате и кога сакате, кампирате на места каде вам најмногу ви се допаѓа, спиете во возилото во спалната соба во која има речиси сè, со еден збор, фантазија, единствено недостасува сериското производство.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.