HONDA HR-V-„САМУРАЈОТ“ ДОБИ НОВО РУВО

04/03/2021

Хондиниот мал сув „хр – в“ стаса до обновување и откако дизајнерите и конструкторите завршија работа, одделот одговорен за односи со јавност на 18 февруари го претстави возилото пред светската публика. Дизајнерските обновувања беа потребни за моделот „хр – в“ да може успешно да се справи со силната конкуренција во класата.

Бидејќи редизајнот фатил подлабоки измени, слободно можеме да кажеме дека „хонда хр – в“ е сосема нов модел, но во кругот на семејството овој модел е познат како обновен. Веднаш да спомнеме кога моделот ќе биде достапен за купување – тоа ќе се случи кон крајот на годинава, најнапред на европскиов, а дури потоа на континентот од другата страна на „големата бара“, но затоа домашниот пазар го очекува на почетокот од април. Овој пат „хр – в“ има линија на купе, најверојатно поради сегашнава модна линија во автомобилската индустрија. Купе линијата во класата на сув возила сега е во некаков налет и сите производители „трчаат“ по неа.

Хонда има намера најбараните модели да ги обнови и претвори во електрични до крајот на идната година. Можно е „хр – в“ да биде првиот кој ќе ја мине таа граница меѓу обичен или хибриден автомобил во целосно електричен. Во зависност од пазарот каде ќе се продава новиот „хр – в“ такви мотори ќе бидат вградувани, односно според потребите на тамошните купувачи. Според првичните сознанија за европскиот и американскиот пазар ќе бидат наменети 1,5 и 2,0 литарските бензински мотори. Обата се со по четири цилиндри во линија и нема да биде чудно ако и едниот и другиот одеднаш се најдат и на двата континенти. Во Јапонија нудат хибриден погон составен од 1,5 литарскиот со турбо компресор и електричниот. Домашните спецификации се разликуваат од европските и американските така што за детални информации ќе мора да почекаме.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.