HONDA E: NP 1-NS 1-ХОНДА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

22/10/2021

Пред само три недели Хонда официјално ја претстави својата програма за освојување на вселената, пишувавме за овие нејзини планови, но сега излегува не со едно туку со две електрични „сув“ возила именувани како „е:нп 1“ и „е:нс 1“. Двете електрични возила првенствено се наменети за кинескиот пазар, но се чини набрзо ќе бидат претставени со измени наменети за европскиот пазар, при крајот од годинава, или најдоцна во првата половина од наредната година.

Кога Хонда, во Европа, ќе се претстави со „е:нп 1“ и „е:нс 1“ конкуренцијата ќе добие силен ривал со кој не ќе биде лесно да се справат веќе устоличените „пежо е-2008“, „хјундаи кона“ и на нив сличните.


Од дизајнерска гледна точка двата модели можеме да ги прогласиме за близнаци, затоа што обликот е тука некаде заеднички со мали примеси на спортска и поагресивна линија кај моделот „е:нс 1“. Всушност „е:нп 1“ е „обичниот“, а „е:нс 1“ е тој со спортската нота. Правени се на новата платформа наречена „е:Н архитектура Ф шасија“ наменета за компактни електрични возила со погон на предните тркала.


Обете возила со максимално полнење на батериите можат да изминат околу 500 километри и потоа следи повторно вклучување во електро мрежата, а силината на електро агрегатите најверојатно е во распон од околу 180 до 210 КС. Ќе се произведуваат во Кина, но Хонда размислува и глобално, така што овие две возила наскоро ќе го видат светот.

Истиот ден на истото место Хонда заедно со овие две сериски „сув“ возила претстави уште три други („е:н сув“, „е:н купе“ и „е:н гт“), но засега се само концепти. Очигледно Хонда е во голема офанзива, можеби најголемата од формирањето на компанијата.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.