ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД БЕА НАПРАВЕНИ НОВИ ИЗМЕНИ НА РЕГУЛАТИВАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА СИСТЕМИТЕ ЗА ВРЗУВАЊЕ ДЕЦА (CRS). РЕГУЛАТИВАТА НА ОН 129 Е СЕОПФАТЕН СЕТ НА РЕГУЛАТИВИ ЗА ДЕТСКИ СЕДИШТА ВО АВТОМОБИЛ КОИ ДОАЃААТ ПО ПРЕТХОДНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ОД ЕКОНОМСКАТА КОМИСИЈА НА ОН ЗА ЕВРОПА (ECE R44)
Имплементацијата на ОН R129 која започна во јуни 2017 година, треба да биде пазарен стандард кој ќе го замени ECE R44 до септември 2023 година. Во моментов, двете законодавства коегзистираат, но од јули 2021 година, направени се неколку амандмани за постепено укинување на ECE R44. Постојат неколку разлики помеѓу UN R129 и ECE R44.
Првата разлика се однесува на промената на класификацијата на детските седишта од килограми во сантиметри. Втората фаза на UN R129 е наменета за деца високи над 105 cm, што носи некои големи промени во споредба со претходното законодавство. Бидејќи родителите често знаат колку нивното дете е високо, ова го олеснува изборот на вистинското и најбезбедно седиште.
Втората разлика се однесува на тестот за безбедност на новите модели на детски седишта. Имено според UN R129 за време на тестирање- то на новите модели ќе бидат потребни кукли „dummies“ од новата генерација, кои попрецизно ќе ги прикажат вистинските ефекти од ударот врз телото на децата. Критериуми за тестирање на страничен удар се додадени на постојните тестови за преден и заден удар, со што е неопходно сите седишта да понудат добра заштита на телото и главата за да добијат одобрение.
Третата разлика бара децата до 15 месеци да седат во положба свр- тена наназад, наместо досегашното барање до 9 месеци. Ова ќе по- нуди подобра заштита за развојот на главата и вратот на бебињата и малите деца.
Последната разлика е категоријата „i-Size booster seat“, која осигурува дека детските седишта во оваа категорија се вклопуваат во сите позиции во возилата што имаат ознака i-Size. Дополнително, најновата регулатива гарантира дека производителите ја зголемуваат компатибилноста помеѓу новите модели на детски седишта и автомобилиазлика е категоријата „i-Size booster seat“, која осигурува дека детските седишта во оваа категорија се вклопуваат во сите позиции во возилата што имаат ознака i-Size. Дополнително, најновата регулатива гарантира дека производите- лите ја зголемуваат компатибилноста помеѓу новите модели на детски седишта и автомобилите.