ДЕНЕС GREEN NCAP, НОВАТА КОРИСНИЧКА ПРОГРАМА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПОЗЕЛЕНИ ВОЗИЛА, ГИ ОБЈАВИ СВОИТЕ ПРВИ РЕЗУЛТАТИ. ДВАНАЕСЕТ ВОЗИЛА БЕА ТЕСТИРАНИ НИЗ СТРОГИ КРИТЕРИУМИ КОИ ЈА ИСТРАЖУВААТ РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ТВРДЕЊАТА НА ПРОЗВОДИТЕЛИТЕ И РЕАЛНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ.
Green NCAP е нов уникатен конзортциум, кој го сочинуваат Европските влади, авто мото клубовите, организациите на потрошувачи и универзитетите, поддржани од Европската Програма за оценување на нови возила (Euro NCAP). Истиот цели кон промоција на ниско загадувачките и ефикасни возила преку нудење независна информација до потрошувачите за перформансите на возилата во тестови кои ги надминуваат легислативните обврски и кои ги откриваат разликите помеѓу стратегиите на производителите за контрола на емисиите на гасови.
Со членки и независни лабаратории за тестирање во 8 Европски држави, Green NCAP е амбициозен проект кој ќе ги мотивира производителите на возила да развиваат возила кои најефикасно ќе ја користат енергијата која им е потребна и ќе ги минимизираат загадувачките гасови кои ги емитираат. Програмата ќе им ги појасни овие податоци на корисниците во време на контрадикторни информации и сè повеќе воведени возачки рестрикции во градовите. За сега, Green NCAP ќе ја зема во предвид само енергијата која се користи за време на возењето, но со тек на времето ќе биде земена предвид и енергијата предвидена за производство на возилото, енергијата која возилото ја користи во својот цел животен век и енергијата потребна за уништување на возилото и рециклација на делови од истото. Pierre Castaing, Претседателот на euro NCAP изјави, – Веќе подолго време се соочуваме со несовпаѓање меѓу тоа како возилата перформираат во регулаторните тестови и како перформираат на патиштата. Корисниците често не ја разбираат економиката на потрошувачка официјално претставена за нивните возила и често ја плаќаат разликата во горивото. Сега легислативата се затега, но корисничките тестови можат да ја надополнат и да одат чекор понатаму. Овие тестови треба да ги мотивираат производителите да ги надминат своите конкуренти преку иновации на полето енергетска ефикасност и редукција на емисиите. Ние сме убедени дека ќе одговорат на предизвикот, за бенефит на корисниците и околината.
Во првите тестови дванаесет возила беа тестирани: Hyundai Ionic и BMW i3, две електрични возила добија максимални пет ѕвезди; VW up! GTI доби кредибилни четири ѕвезди; BMW X1 2.0d и Mercedes Benz A200 добија по три ѕвезди; Ford Fiesta 1.0 EcoBoost доби две ѕвезди и по една ѕвезда добија Audi A7 50 TDI, Volvo XC40 T5, и Subaru Outback 2.5. Сите три возила кои беа оценети со нула ѕвезди се одобрени од Euro 6b стандардот, сè уште валиден за модели излезени пред Септември 2017 година. Како и да е од Септември 2019 година сите возила ќе мора да ги исполнат построгите стандарди на Euro 6d-temp и новите верзии од овие возила ќе бидат оценувани во следните рунди на тестирање. Засега, електричните возила им нудат на конзументите најзелена опција при купувањето возило. Тие се најчистиот и најефикасен избор моментално достапен и би бил голем чекор напред доколку сите возила ги исполнат петте ѕвезди кои електричните возила веќе ги исполнуваат.
Како и да е, во скоро време Green NCAP во своите мерења ќе ги вклучи како поминатите растојанија така евентуално и животниот век на возилата што може да ја намали разликата меѓу електричните и возилата на внатрешно согорување. За некои од бензинските и дизел возилата, постои компензација помеѓу контрола на загадувањето и добрата ефикасност во потрошувачката. Резултатите ги потенцираат стратегиите на производителите за постигнување на едното или другото. Green NCAP програмата за оценување притиска за исполнување на обете работи.