Green NCAP-ДАЛИ ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА СЕ „ЗЕЛЕН ИЗБОР“ НА ДЕНЕШНИЦАТА?

25/07/2021

GREEN NCAP НА 15 ЈУЛИ, ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТЕСТИРАЊЕТО НА ТРИ ГРАДСКИ АВТОМОБИЛИ. НОВИОТ, КОМПЛЕТНО ЕЛЕКТРИЧЕН FIAT 500E ПОСТИГНА ЦЕЛИ ПЕТ SВЕЗДИ, HONDA JAZZ 1.5 I-MMD HYBRID ДОБИ ТРИ И ПОЛ ЅВЕЗДИ, А PEUGEOT 208 1.5 BLUEHDI 100 Е РАНГИРАН СО ЗАДОВОЛИТЕЛНИ ТРИ ЅВЕЗДИ.

 

Денес, сите знаат дека треба да придонесат за позелена иднина, но не сите прават нешто кога станува збор за „зелено возење“ (еколошко возење). Некои потрошувачи не се сигурни дали сега да донесат ваква одлука, или да чекаат додека зелено возење не стане очигледен и суштински избор.

Во оваа рунда тестови, иконскиот Cinquecento на FIAT се истакнува во сите три критериуми на кои се темели проценката на Green NCAP. Без штетни издувни емисии, овој целосно електричен автомобил добива непобедливи десет од десет за индекс на чист воздух. Енергетската ефикасност на електричните автомобили на батерии е многу повисока во споредба со другите типови возила на FIAT и тука добива максимум поени. Сепак, стандардниот полнач кој доаѓа со возилото е бавен и неефикасен, па така, на долг рок, купувачот ќе плати повеќе за електрична енергија, отколку со подобра единица за полнење. Според сегашната проценка на Green NCAP, кој ги разгледува само издувните емисии, 500-та на FIAT го завршуваат својот хет-трик со максимални поени согласно критериумот за стакленички гасови.

 

Honda Jazz 1.5 i-MMD Hybrid и Peugeot 208 1.5 BlueHDi 100 ги претставуваат најновите достигнувања во бензинско-хибридните и дизел технологии, при што и двете возила имаат добри перформанси. И двата автомобили имаат високи оценки за енергетска ефикасност, а Honda, исто така, е многу добра во индексот на чист воздух. И кај двете возила индексот на стакленички гасови е најслаб од трите критериуми за проценка, но и тука Honda и Peugeot постигнуват солиден рејтинг 3½ и 3 sвезди.

Јасно е дека електричните автомобили напојувани од батерија (BEV) се најчистите возила и сè повеќе и повеќе производители се залагаат за целосно електрично производство во следните пет или десет години. Овој налет кон електрична иднина ќе донесе со себе нови предизвици: ќе има многу поголема побарувачка на електричната мрежа и самото производство на електрична енергија ќе треба да стане позелено за овие автомобили да го испорачаат својот целосен потенцијал. Ова е нешто што Green NCAP наскоро ќе го земе предвид. Засега, им честитаме на FIAT за нивниот резултат со пет ѕвездички и им оддаваме признание на Хонда и на Пежо за забележливиот рејтинг на Јаzz и 208-та, соодветно.

 

Благица Станојевиќ Блажевски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.