Подготовка:
Њоки со спанаќ
Во тавче ставете малку масло за јадење и загрејте го на средна температура. Додадете 80гр млад спанаќ со 1 чешне ситно исечкано лукче. Додадете ги њоките и додадете 40-50мл вода. Заедно динстувајте со постојано промешување (околу 3мин), потоа додадете околу 50мл млечна крем павлака за готвење или Бешамел сос (доколку имате направено). Спојте го јадењето и сервирајте го со рендан Пармезан.