GENESIS X CONCEPT-„ИКС“ КАКО НЕПОЗНАТА ВЕЛИЧИНА, ИЛИ…?

07/04/2021

Дали луксузната дивизија на Хјундаи именувана Генезис (или Џенезис) од модел во модел прави сè поубави и поубави автомобили, или, пак, тоа е само оптичка измама? Да е оптичка измама ќе биде илузија, нешто нестварно, а концептот „икс“ што се појави на крајот од март е токму таков, не знаеш од каде е „симнат“. Купе каросерија, нормално со три врати и дизајн кој има многу што да каже. Погонот е на струја, со максимално полна батерија, може да измине 480 километри, од 0 до 100 км/ч, потребни се под четири секунди исто како да сте на трка. Откако батеријата ќе се испразни има можност за брзо полнење доколку располагате со таков полнач, во спротивно полнењето ќе се одвива споро.

Генезис вели концепт, а јавноста сака нешто конкретно и вели: „зошто производителот молчи и не го внесе купето веднаш во сериско производство“. Ова не е првпат, концептите како по некое непишано правило во 100 отсто случаи се далеку поубави од сериските модели и не е чудно што јавноста бара концептот „икс“ да  влезе во производство. Речиси и да нема неубав концепт. Ако концптот „есентиа“ кој се појави во 2018 е некој вид хардкор купе, тогаш концептот „икс“ е негова умерена изведба, а штом нештата се умерени, најверојатно ги подготвуваат за сериско производство. Електричните автомобили кои допрва треба да се појават користат многу електроника, речиси сè е сведено преку сензори, камери и лед екрани осетливи на допир. Возилото како основа на која е направено ја користи платформата наречена „е – гмп“. Производителот односно Хјундаи ќе ја користи исклучиво за електричните возила за сопствени потреби и секако ќе ја користат и останатите во семејството, Киа и Генезис.

Сега се поставува прашањето дали концептов е купе изведба на лимузината „г 90“ која сè уште се испитува и е на крајот од развојот? „Икс“ како непозната величина во математиката, или претскажување за нешто непознато кое допрва треба да го здогледа светлото на денот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.