Луксузната дивизија на Хјундаи деновиве ги објави првите фотографии од целосно електрифицираното возило за забава (сув), моделот „гв 60“. Ако го споредиме дизајнот од поголемите во семејството, ќе приметиме видно отстапување на најновиот сув од претходните два, „гв 70“ и „гв 80“. Сега имаме нота на радикалност во дизајнот и како што секогаш бива во автомобилската индустрија, постарите во семејството секогаш го прифаќале дизајнот на поновите модели. Дали ќе биде така и овој пат, тоа допрва следи. Штом Генезис сега ги објавува фотографиите, можеби има намера првото светско прикажување да го приреди на Салонот за автомобили во Минхен.
Основниот „гв 60“ нуди погон само на задните тркала и погонски агрегат со силина од 228,5 КС, потоа следи средната изведба наречена „лонг рејнџ авд“ со погон на сите тркала и силина од 325 коњи, додека изведбата „перформанс“, исто така, има погон на сите тркала и обилни 437 коњски сили и тркала од 21 инч.
Сегашниве првични извештаи се „тенки“ со податоци, но како што одминува времето и се приближува ИАА Минхен 2021, така производителот почесто ќе објавува по нешто за неговиот најмал електричен сув „генезис гв 60“. Како што можете да приметите Генезис граби напред со полна пареа.
Жарко Атанасоски