FOXCONN ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НА IPHONE и XIAOMI ЌЕ ПРАВАТ ЕЛЕКТРОМОБИЛИ

29/10/2022

Малкумина ја познаваат тајванската компанија Foxconn иако таа е производителот на продуктите на iPhone и на смартфоните на Xiaomi и цела низа на гаџети кои доаѓаат од оваа марка. Меѓутоа спознанието за Foxconn би требало да се смени во иднина бидејќи компанијата планира да стартува со производство на електрични автомобили.

Два од нив веќе се претставени. Станува збор за два кросовери Model B и Model C  и за еден пикап Model V со двојна кабина која подразбира четири врати и пет места за седење. Интересно е што досега ништо не се знаеше за овие два модели, а одеднаш се подготвени за производство. Поточно производството ќе стартува само за големиот пикап. Model V ќе се произведува во Тајван, Тајланд и во САД каде традиционално големите пикапи добро проаѓаат на пазарот. Засега за помалиот кросовер кој по димензии влегува во сегментот на VW ID.3 нема индиции за производство, додека Model C би можел да се појави во 2023 година.

Пикапот ќе се нуди со моќност која ќе варира зависно од изведбата меѓу 200 и 400 коњски сили и автономија од околу 420 километри. Ќе може да превезува до 1 тон тежина во сандакот со димензии од 1.500 х 1.450 mm. Може да влече приколка до 3 тони на стрмина од 30% или 16,7 степени. И најважното батериите можат да се наполнат од 20 до 80% во само 30 минути. За сега цената не е позната.

 

Љубомир Анастасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.