FORD RANGER 2022 ОД ЗЕМЈАТА НА КОАЛИТЕ И КЕНГУРИТЕ

18/11/2021

Форд традиционално има пикап возила и тоа за него не е само традиција, туку и повеќе од тоа. Моделот „ренџер“ наскоро ќе добие наследник, а според најавите првото претставување пред светската јавност ќе се случи на 24 овој месец.

И како што е ред, одговорниот во компанијата новиот „ренџер“ го нарече најупотреблив, разновиден и најнапреден пикап од кога и да било досега. Природата на каросеријата пикап всушност е возило за секакви прилики и неприлики затоа што може да оди таму каде другите не ни помислуваат да возат. Неговите теренски способности се многу добро познати така што нема потреба од повторно спомнување. Потврда за неговите способности е Австралија каде е осмислен, дизајниран, произведен и тестиран во секакви услови, а таму каде коалите и кенгурите се речиси домашно животно има места и простор да се тестира едно теренско повеќенаменско возило.

Новиот „форд ренџер“ најнапред ќе се произведува во Австралија, но како и секогаш ќе бидат одбрани и други фабрики за што подобро покривање на светската побарувачка. Зошто токму Австралија? Затоа што тоа е земја каде пикап возилата се многу популарни, тамошните жители ги возат секојдневно и се нераздвоен дел од нивниот живот. Со многу од тие сопственици направена е анкета во која учествувале над 5.000 лица, одговарајќи на прашања, што им е најпотребно во возилото, како тоа треба да изгледа, кои работи им недостасуваат итн. Откако биле собрани сите мислења, направени се потребните измени и дури потоа одговорните тргнале да го осмислуваат, обликуваат и прават новиот „форд ренџер“.

Класиката од погонските единици нема да биде избегната, напротив ќе биде застапена, а ќе има и електрифицирани и по некој „плаг ин хибрид“. И покрај многуте неубави зборови упатени кон дизел моторите, сепак Форд ќе вгради четирицилиндричен со зафатнина од два литри и двоен турбо компресор.
Австралија е државата каде е направен новиот „форд ренџер“ но е наменет за целиот свет, односно ќе се продава во над 180 земји. Тие што сакаат да ја следат светската премиера во живо најдобро е да одат на интернет страната од Форд Австралија каде ќе ги добијат сите потребни информации.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.