BENTLEY НАПРАВИ УШТЕ ЕДЕН ЧЕКОР НАПРЕД КОГА Е ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈАТА НА СВОЈАТА „ФЛОТА“ ВО ПРАШАЊЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ТРАНЗИЦИЈАТА НА ОДРЖЛИВАТА МОБИЛНОСТ, ПРЕКУ НОВАТА, ХИБРИДНА ВАРИЈАНТА НА FLYING SPUR МОДЕЛОТ
Како придружник на Bentayga Hybrid (SUV) во портфолиото на електрифицираните модели на луксузниот бренд, 2022 Flying Spur Hybrid е дел од Bentley Beyond 100 стратегијата, која има цел да ги трансформира во карбонски неутрална организација. Овој план го вклучува и лансирањето на првиот воопшто сосема електричен Bentley модел до 2025 година и електрификацијата на целата „флота“ автомобили до 2030-та. Bentley тврди дека новиот Flying Spur Hybrid, кој ќе се придружи на веќе постоечките V8 и W12 модели, претставува најефикасен автомобил што го произвела досега оваа компанија, што е, пак, навистина импресивно.
Главниот детаљ на Flying Spur Hybrid моделот е неговиот погонски склоп кој е направен специјално за него. Во неговото срце се наоѓа 2,9 литарски V6 мотор со турбо полнач, кој, пак, е поврзан со 4,0 литарскиот V8 мотор чија архитектура е идентична. Сепак, тој развива 410 коњски сили што го прави помоќен по литар од V8 единицата на која е базиран. Бензинскиот мотор доби суплемент во форма на електрична единица која придонесува за 132 коњски сили, што вкупно резултира со 536 коњски сили.
2022 Flying Spur Hybrid има 95 коњски сили повеќе од Bentayga Hybrid моделот и покрај фактот што е поефикасен од луксузниот SUV. Bentley вели дека хибридниот седан може да забрза од нула до сто километри на час за само 4,1 секунда, што е за 0,1 секунда побавен во однос на V8 Flying Spur, додека неговата максимална брзина изнесува 285 километри на час. Малото литиум-јонско пакување од 14,1 kWh има доволно сила за 40 километри возење само на струја што на Flying Spur Hybrid му дава вкупен преоден опсег од 700 километри.
Остатокот од овој модел е речиси идентичен со останатите варијанти на Flying Spur понудата. Купувачите можат да изберат меѓу седум стандардни бои на екстериерот, заедно со повеќе од 60 завршници и bespoke опции. Специјалната Blackline Specification ја менува сјајната екстериерна боја за нешто подискретен, темен финиш. Новата Hybrid ознака може да се забележи на долниот дел од предниот браник, а полначот се става во левиот дел од задниот браник.
Тркалата од 20 инча се стандардни, но има и варијанти со 21 или 22 инча, по нарачка. 2022 Flying Spur Hybrid веќе го има во продажба со почетна цена од 204.000 долари.