FISKER PROJECT RONI-ФИСКЕР НАЈАВУВА ДВЕ ВОЗИЛА ЗА 2024

23/05/2022

Хенрик Фискер како никогаш досега покажува заби и на почетокот од месецов го најави својот трет електричен автомобил нарекувајќи го „проект ронин“. Првичното најавување на новото возило се случи на 4 мај. Тогаш беше најавено дека автомобилот  ќе биде од тие луксузните со посебно нагласување на неговата удобност, а не беа избегнати ниту вратите за кои вели дека се посебни и единствени во автомобилскиот свет. Возилото ќе биде за првпат претставено во август 2023 година, а продажбата е закажана за втората половина од 2024 година. По два дена од првото најавување стаса уште едно во кое производителот навестува изминување на скоро 1.000 км со едно полнење на батеријата, потоа се појави и официјална фотографија на која се гледаат четири седишта  во отворен автомобил. Дали Фискер подготвува кабриолет лимузина со врвна удобност и дали потоа тој кабриолет ќе добие и берлинета изведба? Сè е можно дури и двојна светска премиера, кабриолет и берлинета. Производителот посакува неговата гран туризмо отворена лимузина да биде рекордер во класата на изминати километри. И не само тоа туку штом е гран туризмо, тоа значи многу силина. Токму тоа е нагласено во втората најава на 6 мај. Три електромотори ќе го задвижуваат кабриолетот, погонот ќе биде на сите тркала, а од 0 до 100 км/ч околу две (2,0) секунди. Значи Фискер подготвува отворена спортска лимузина со специфични врати, со врвна удобност и рекордна километража со едно полнење на батеријата. Цена, малку под 200.000 долари.


Фискер во февруари го најави своето второ електрично возило наречено „пир“ (пеар – персонал електрик аутомотив револушн), „сув“ возило кое според најавите треба да биде сместено под моделот „оушн“, со должина од околу 4,5 метри. Велат цената за основниот модел ќе биде под 30.000 долари и ќе се произведува во Охајо во фабриката на тајванскиот производител Фокскон. Иако светската премиера е најавена за 2024 година, Фискер веќе има 1.600 нарачки на невидено.
Кросоверот „пир“ само што беше најавен, но по три месеци производителот повторно излезе со информација за лансирање нов автомобил кој речиси ќе се сретне со  прво најавениот и згора на тоа можно е покрај кабриолет лимузината да биде претставена и класиката од лимузина, затворената изведба, берлинета. Останува да видиме што ни подготвува кујната на Хенрик Фискер во која тој е главниот готвач.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.