Новото Tipo е целосно подновен и пристигнува како уште помодерен, подинамичен и елегантен. На новата предница се појавува редизајнирана маска на која се наоѓа и новото лого на Fiat, со букви испишано FIAT, значаен и силен став. Tipo, меѓу другото, е прв автомобил на Fiat што го применува ваквото лого, по новиот Fiat 500. Предните фарови се целосно редизајнирани, како и задните фарови со технологија „full-led“: од страните, на нискиот дел на автомобилот што целосно е редизајниран со вклучување на елементи во finishing ICE MATTE – засенчен хром – се надоврзуваат новите тркала од лесна легура од 16” или 17” co дијамантирана обработка и нови дизајни. Однатре, амбиентот е целосно нов. Седиштата се обложени со штофови со ексклузивни дизајни. Дигиталниот команден дел со екран на допир од 7” може да се конфигурира според потребите и ја заменува стандардната аналогна инструмент табла. Исклучително технолошки и софистициран изглед што овозможува целосна контрола над возилото во текот на возењето. На екранот одлично се надоврзува најновиот систем за радио UConnect 5 co екран на допир од 10,25”. Воланот е покомпактен и обликуван за да има подобра ергономија, а, исто така, овозможува и совршена видливост на збирниот команден дел со екран на допир од 7”.
Посебно внимание ѝ е посветено на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот, односно додадени се хромирани и црни инсерти. Новата гама е на располагање и во две нови нијанси на сина и портокалова боја. Новото Tipo може да биде опремено со дизел-мотор 1.6 Multijet, со моќност од 120 КС, 1.3 Multijet со 95 КС или, пак, co новиот бензински мотор GSE 1.0 T3 со 100 КС и бензинскиот мотор 1.4 со моќност од 95 КС. Новата гама Tipo доаѓа со две нивоа на опременост: „Tipo“ и „City Life“, кои се на располагање со три варијанти на каросерија Hatchback, Sedan и Station Wagon, а новото Tipo Cross е достапно со едно ниво на опрема наречено „Cross“.