FIAT ABART 1000-ТРКАЧКИОТ БОЛИД ВО НОВО ПАКУВАЊЕ

26/05/2021

Повод за конструирањето на легендарниот абартов тркачки болид „1000“, не е само 70. годишнината од постоењето на работилницата. Некаде во ’60 години од минатиот век  „абарт 1000“ жарел и палел на тркачките патеки, а победил и на трката Нирбургринг 500. Неколку работи се врзани за надалеку познатиот „абарт 1000“, затоа одговорните решиле да ги освежат сеќавањата на еден необичен начин – да конструираат ист таков болид, односно како би изгледал тој болид во денешно време направен со сегашните техничко технолошки чуда.

Како основа позајмен е моделот „4 ц“, сопственост на Алфа Ромео. И погонската единица е задржана, добро познатата 1,75 литарска со четири цилиндри во линија засилена со турбо компресор. Оригиналниот мотор поседува 1000 ссм и потекнува од фиатовиот модел „600 д“. Наново е доработуван и од него се извадени 106 КС при заглушувачки и високи 8.000 врт/мин. Школката е наново дизајнирана со цел да се доловат сите сличности со некогашниот абартов болид „1000“. Таа работа е повеќе од рутинска за големите мајстори на дизајнот. Сличности има многу и слободно можеме да се согласиме со направеното – болидот датира од пред 50 години, а е направен со денешна технологија.

Еден примерок е направен, само еден и толку. Негова гаража ќе биде музејот, а од време на време ќе биде носен на манифестации каде се величаат спортскиот дух и брзината. Производителот не наведува други податоци, но точно се знае кои се брзинските способности на „алфа ромео 4 ц“, така што сè е јасно. Автомобил како и секој друг, но ова е посебен автомобил, односно болид што одбележал едно време. Необичниот потег направен од одговорните во компанијата е за пофалба.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.