FIAT 500-ПРВATA ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНА 500-КА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

14/04/2021

Покрај тековниот модел Fiat 500 кој на нашиот пазар настапува со бензински и хибриден мотор, од оваа пролет се приклучува и новиот 500 во целосно електрична форма. Единствениот електричен автомобил на Fiat пристигна во салонот на импортерот во Скопје. Станува збор за еден примерок во кабриолет изведба кој ќе се користи за потребите на компанијата, а официјалната комерцијализација на електричниот 500 на нашиот пазар се очекува да започне во текот на следната година.

Накратко, новиот Fiat 500 е опремен со системот за брзо полнење од 85 kW што овозможува да се наполни батеријата за многу кратко време. Неговата автономија на движење изнесува максимални 320 км според циклусот на WLTP, што е постигнато благодарение на Lithium-Ion батериите кои имаат капацитет од 42kWh. Електричниот Fiat 500 е опремен и со новиот систем за информирање и забава од петтата генерација UConnect 5, што претставува поврзана платформа направена за иднината, на располагање со екран на допир од 10,25’’. Новиот 500 е опремен со „Напредни системи за помош на возачот“ кои го прават возењето полесно, побезбедно, поедноставно и уште позабавно. Воедно ова е и првиот автомобил во неговиот сегмент што е опремен со автономно возење од второ ниво.

Цената засега останува мистерија, што воедно значи дека ќе мора да го почекаме стартот на продажбата кога и ќе биде обелоденето колку ќе треба да се издвои за новата интерпретација на италијанската икона.

 

Данчо Здравковски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.