FIA-Со технологија за симулација на несреќи, чекор понапред во безбедноста на рели трките

19/10/2020

Со употреба на компјутерска симулација за анализа на несреќни случаи, за кои се знае дека ги предизвикуваат најчестите повреди на ‘рбетот кај натпреварувачите, ФИА направи исчекор во безбедноста на крос-кантри трките.

По голем број случаи на повреда на ‘рбетниот столб, пријавени од натпреварувачите на крос-кантри трките, а предизвикани од силни удари или слетување, одделот за безбедност на ФИА изврши обемно истражување за да ги идентификува најзначајните фактори кои придонесуваат за ризик од овој вид на повреди. Истражувачкиот проект беше финансиски поддржан од ФИА Фондацијата.

Користејќи виртуелна симулација на околината на кокпитот и т.н „вкупен човечки модел за безбедност“ (THUMS), кој треба да ги симулира возачот и совозачот, инженерите на ФИА можат да симулираат стотици несреќни случаи, со цел да утврдат како позицијата и безбедносните појаси на натпреварувачите влијаат на ‘рбетот. THUMS моделот, кој е развиен од „Toyota Motor Company“, а во партнерство со ФИА, нуди виртуелна претстава за човечкото тело. Моделот вклучува околу два милиони елементи од човечкото тело, од крути коскени структури до меки ткива и органи, кои точно ја репродуцираат човечката форма.

За потврда на резултатите од симулацијата, истражувањето се заснова на корелација со реални случаи во кои биле документирани повреди, вклучувајќи ја и несреќата на крос-кантри трките во Катар во 2018 година во која совозачот се здоби со фрактури на пршлените од Т3 до Т8. Значајно е тоа што возачот притоа не претрпел повреди, што на истражувачите им покажа дека доколку се квантифицираат основните разлики меѓу возачот и совозачот, таквото знаење ќе може да се примени за спречување на вакви повреди во слични случаи.

Резултатите кои ги овозможи THUMS моделот покажаа дека ротирањето на седиштетото на натпреварувачот во поисправена позиција резултира во намалување на силите кои придизвикувата фрактури на ‘рбетот при силно слетување, за 22%.

Истражувањето на ФИА покажа поставеноста на безбедносниот појас е клучна за ублажување на повредите на ‘рбетниот столб, предизвикани од силно слетување или од удар. Менувањето на аголот на појасот во долниот дел на скутот резултираше со намалување на шансата за фрактура на ‘рбетниот столб во случај на силно слетување, за 8%.

Студијата, исто така, покажа дека силното слетување со затегнат безбедносен појас го намалува товарот на ‘рбетот за околу 6%, што значи дека е многу важно натпреварувачите да бидат сигурни дека нивниот безбедносен појас е соодветно затегнат во текот на целиот настан.

Истражувањето, исто така, во предвид  ја зема и тежината на натпреварувачот, заклучувајќи дека 10 кг помала маса на возачот или совозачот резултира во 8% намалување на оптоварувањето на ‘рбетот.

Адам Бејкер, директорот за безбедност во ФИА, рече: „Користејќи го моделот THUMS, симулацијата ни овозможи детално да го проучиме спектарот на несреќни случаи во крос-кантри трките, подобрувајќи го нашето разбирање за факторите кои придонесуваат за фрактури на ‘рбетниот столб кај натпреварувачите во крос-кантри трките. Ние би сакале сите натпреварувачи и тимови да имаат корист од резултатите од ова истражување, бидејќи дури и мали промени во пилотската кабина можат да спречат повреди“.

 

Благица Станојевиќ Блажевски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.