FIA-Помалку автомобили-Ковид 19 ги промени навиките

10/07/2020

Комисијата за Транспорт и животна средина (Т&Е) ги објави резултатите од анкетата за ставовите на граѓаните во врска со загадувањето на воздухот во ерата Ковид-19. Истражувањето беше нарачано во мај 2020 и се реализираше во  21 европски град. Според гласањето, мнозинството  од урбаните жители (64%)  ширум Европа не сакаат загадувањето на воздухот да се врати на нивото пред Ковид-19 и поддржуваат  длабоки промени во транспортот за да се заштити животната средина.

 

Податоците покажуваат дека 68% од 7.545 испитаници (63% од нив биле возачи), сакаат да видат одржливи политики за намалување на загадувањето на воздухот – вклучително и ограничувања за пристапот на загадувачки автомобили до градските центри. Покрај тоа, околу три четвртини (74%) од испитаниците рекле дека градовите мора да преземат ефикасни мерки за заштита на граѓаните од загадување на воздухот, дури и ако тоа бара пренамена на јавниот простор за пешачење, возење велосипед и јавен превоз.

Покрај тоа, иако сè уште не постои подготвеност да се користи јавен превоз заради потенцијалниот ризик од зараза, редовните корисници на автобуси и возови велат дека хигиената е клучна. Четири од пет лица (81%) кои првенствено користеле јавен превоз пред пандемијата се подготвени повторно да користат,  54% изјавиле дека повторно ќе започнат да се возат со автобуси, трамваи и возови ако се преземат доволно хигиенски мерки за да се спречи ширење на Ковид-19, останатите 27% се решени да се вратат без оглед на ризикот.

Според извршниот директор на Т & Е, „Европејците бараат повеќе ленти за велосипеди, побезбеден јавен превоз и помалку загадувачки автомобили. И градоначалниците на Париз, Брисел и Лондон ги прошируваат велосипедските ленти и ги враќаат зоните со ниска емисија, базирајќи се на оваа огромна јавна поддршка “, бидејќи еден од пет (21%) испитаници планираат да возар велосипед повеќе, а еден од три испитаници (35%) да пешачи повеќе.

Од друга страна, АМЗС (Авто-мото Сојузот на Словенија) спроведе истражување со цел да ги испита промените во  мобилноста на словенечкото население за време на Ковид-19 кризата.

Како што се очекува, луѓето помалку користеле возила отколку пред кризата: две третини од испитаниците го потврдија ова, додека 23% од испитаниците изјавиле дека нивната употреба на возилото е иста како порано. Само 3% од испитаниците го користеле својот автомобил за време на епидемијата почесто отколку порано – веројатно оние кои морале да одат на работа и не можеле да патуваат освен со автомобил заради нефункционирање на јавниот превоз. Околу 18% од испитаниците користеле велосипед почесто отколку порано.

Во однос на мобилноста по кризата, скоро 21% од учесниците веројатно ќе го ограничат користењето на јавниот превоз. Сепак, 74% имаат намера да ги користат своите лични возила исто толку често како порано.

Словенците се многу несигурни кога станува збор за патување во странство: 22% од испитаниците веруваат дека поретко би патувале со авион и само 2% потврдиле дека ќе летаат повеќе.

 

Благица Станојевиќ Блажевски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.