FERRARI-ПОДГОТВЕН ЗА ЛЕМАН 2023

05/07/2022

Како што тргнале работите, трката 24 часа Леман станува сѐ поинтересна, а заедно со неа и првенството на трките на издржливост. Откако беа изменети правилата и отстранета класата „лмп 1“, многу производители на автомобили догодина се враќаат во јатото, а некои се ставени на слатки маки, дали веднаш да се вратат, или да причекаат уште некоја година. Откако беа изменети правилата, Ферари веднаш се пријави за учество во сезоната 2023. И еве ги сега при крајот со подготовките на кои им претходеа 18 месеци напорна и неретко деноноќна работа.

Ферари објави две затемнети фотографии на кои најистакнати се двете светлосни групации, предната и задната и толку. Велат сѐ уште немаат име за хиперавтомобилот и не само тоа, туку не кажуваат речиси ништо за тимот. Јавноста знае за секојдневните тестирања и знае за првото учество на Ферари во наредната сезона, а тоа е трката која ќе се вози во месец март. Ферари за последен пат победи во 1965 година, а дотогаш освои шест титули една по друга и така сѐ до појавувањето на „форд гт 40“.
Наредната година трката 24 часа Леман слави 100. издание, а Ферари ја има 50 годишнината од неучество на трките, се разбира зборуваме за кралската класа. Убав повод за враќање во циркусот на издржливоста и загарантирано, наредната сезона ќе биде од тие „највеселите“ во едновековната историја на легендарната трка. И за крај уште една информација. Во трките на издржливост во серијата Леман хиперавтомобили пријавени се Ферари Пежо, Скудерија Гликенхаус и Тојота, а во серијата Леман Дајтона хиперавтомобили ќе учествуваат: Акура, Алпина, БМВ, Кадилак, Ламборџини и Порше. Двете серии заедно со трките ИМСА ќе опстојуваат како една со тоа што тимовите можат да учествуваат во било која серија, кога имат потреба од повеќе бодови. На пример, ако некој тим ита кон шампионската титула и му недостасуваат бодови, може слободно да вози во другата серија.
Светската премиера на „ферари леман“ ја очекуваме на почетокот од наредната година или некоја недела порано, за божиќните и новогодишните празници.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.