FARNOVA OTHELLO-ФАРНОВА И НЕJЗИНИОТ ОТЕЛО

07/10/2021

Од далечната Кина најавија, не супер, туку хипер брз автомобил и доколку плановите се остварат, тогаш Мате Римац ќе треба повторно да ги засука ракавите за враќање на рекордот во негови раце (читај „римац невера“).

Кинескиот производител Фарнова деновиве го претстави прототипот „фарнова отело“ купе кое располага со 4.670 должински мм, широко е 2.010, а високо 1.145 мм, додека растојанието меѓу оските изнесува 2.670 мм. Сето тоа е добро, но Фарнова Аутомотив нема никакво искуство во конструирање хипер брзи автомобили, односно нема ни обичен автомобил направено, но затоа компанијата изработува врвни јахти. Сопственикот има желба да влезе и во автомобилската индустрија, затоа што има многу пари, а неговото име е Џуо Џелин. Новоформираната компанија Фарнова Аутомотив соработува со Кианту, производител кој веќе има супер автомобил „к 50“ и велат „отело“ ја користи истата шасија од спомнатиот супер автомобил. Во моментов ниту едниот ниту другиот не произведуваат автомобили, но желбата е голема и наскоро ќе градат заедничка фабрика во Чангде, провинција Хунан.

Според Фарнова Аутомотив прототипот „отело“ тежок само 1.350 кг, поседува погонски агрегат (електромотори) способен да го понесе купето до максимални 420 км/ч, односно да забрза од 0 до 100 км/ч за 1,8 секунди или од 0 до 300 км/ч за 8,5 сек. Сето тоа е овозможено од 1.835 коњски сили и фантастичниот вртежен момент од преголеми 12.000 Нм. Со едно полнење на батеријата купето изминува околу 600 км. Ако се остварат овие бројки тогаш „римац невера“ паѓа на второто место, но да почекаме додека прототипот стаса до сериско производство и неговото ограничено производство од 200 примероци, по цена од скромни 288.000 долари за хипер автомобил.

Фарнова во моментов забрзано работи на лансирање мини автобус на електричен погон дизајниран од некогашен дизајнер во Ламборџини, чие сериско производство треба да започне наредната година истовремено со производството на хипер автомобилот, а за 2023 планира светска премиера на електрична лимузина, сув возило и кросовер.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.