Во организација на генералниот увозник Еуроимпекс новинарите од нашата земја имаа можност во претпладневното дружење да се запознаат со новата Opel Mokka. „Помалку нормално. Повеќе Mokka“ е слоганот на најновата кампања на брендот Opel. Поврзувајќи го модерното и стилското со антитрадиционалното, новиот модел беше претставен во својата Black Perla Nera комбинација на бела боја со црвено-црни елементи што ги истакнуваат стилските линии на најновиот модел во гамата на брендот.
Имавме можност одблиску да се запознаеме со новата Opel Mokka и да посведочиме на драстичните промени што успешно ги вовел брендот во овој нов модел. Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот, па сè до внатрешниот ентериер што доби целосен дигитален детокс, носејќи го искуството при возењето на ново ниво – дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил. Секоја линија, од самоуверената силуета на SUV до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија. Mokka има смел став, возилото се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил. Како и да гледате на неа, во Mokka ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот, па до извајаните задни фарови Eco-LED што хармонично го реплицираат препознатливиот визир. Mokka не личи на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индивидуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата. Како и можноста моделот да се нарача со целосно електричен погон.
„Новата Mokka е забавна, ефикасна и иновативна. И оправдано го носи слоганот ‘Помалку нормално. Повеќе Mokka’. Овој модел го комбинира елегантното и чистото визуелно искуство со моќната експресивност. Секој детаљ на новата Mokka е внимателно креиран и осмислен за да им се допадне на потенцијалните клиенти уште по првиот поглед. Се надеваме дека овој модел ќе им се допадне на клиентите и дека кај нив ќе предизвика емоции што дизајнерските експерти ги предвиделе при неговото креирање“ – изјави Кирил Воиновски, генерален директор во Еуроимпекс.