Денес Euro NCAP ги објави безбедносните оценувања за седум модели на возила: првиот Mercedes Benz електричен off road, EQC и нивната втора генерација CLA; Skoda Kamiq; четвртата генерација на SsangYong Korando; последниот BMW Z4 и новиот Audi A1. Дополнително, веќе тестираниот Ford Focus во 2018 беше повторно оценуван согласно новите минимални надградби на возилото. Сите седум возила постигнаа пет ѕвезди на оценувањето.
СУВ (SUV) и Кросовер (Crossover) возилата продолжуваат со својот раст во Европа, привлекувајќи нови партиципанти од целиот свет. C(Ц) Сегментот SUV Korando е првото возило со пет ѕвезди од Јужна Корејскиот растечки SssangYong. Добро опремено, со стандарден AEB, Korando e во линија с о конкуренцијата. Volkswagen групацијата ја понуди на пазарот Skoda Kamiq, сестринско возило на Seat Arona и Volkswagen T-cross. Skoda Kamiq претставува силна верзија на Scala и доби највисоко признание од пет ѕвезди и слични резултати со возилото тестирано претходно годинава.
Mercedes Benz влегува на пазарот на електрични возила со комплетно електричниот луксузен компакт SUV EQC. Ова е прв електричен модел (EQ) на Daimler и неговите оценки се високи со генерално добри перформанси. EQC е дел од растечкиот тренд на електрични возила со батерии и им се придружува на Jaguar I-Pace и Audi e-Tron меѓу Euro NCAP тестираните возила, како и Tesla Model X кој ќе биде тестиран подоцна годинава.
Добри резултати беа постигнати и од другите новодојденци. Последниот Mercedes Benz CLA постигна одличен резултат, добивајќи 90 проценти во три од четири зони на безбедност оценети од Euro NCAP. Двоседот на BMW, новиот Z4 постигна генерално добри резулатати, но неговата заштита за ранливи учесници во сообраќајот беше посебно импресивна, благодарение на активната хауба која се подига кога пешакот ќе биде удрен. Алтернативата на Audi за Mini, А1, исто така, имаше добри перформанси. Со пет ѕвезди во 2010, оваа втора генерација ги повтори резулатите во услови на построги критериуми поставени од страна на Euro NCAP, благодарениe на стандардно вградениот AEB.
На крајот Ford Focus постигна пет ѕвезди во 2018 година, но неговата послаба заштита на вратот на предните седишта подразбираше дека не може да капитализира на добрите резултати од својот AEB систем. Во меѓувреме Ford го подобри дизајнот на предните седишта и заштитата на главата и сега возилото покажува одлични резулатати во случај на удар од задната страна. Резултатот од тоа е подобрен генерален резултат што потврдува дека Focus е комплетно фамилијарно возило со одлични безбедносни референци.
Генералниот Секретар на Euro NCAP, Michael van Ratingen изјави,
– Прекрасно е да се види оваа континуирана посветеност кон подобрување на безбедноста. Од овие резулатати може да се добие впечаток дека достигнувањето пет ѕвезди е лесно, но за да се постигнат сите критериуми и барања за технологијата е сериозно тешко. Следната година ќе видиме уште една промена во нашите барања при оценувањето, но нашето искуство ни кажува дека производителите имаа воља да ги задржат виските стандарди кои ги постигнаа досега, и Европските корисници ќе бидат и пона таму добро услужени.