ЕЕА објави привремени резултати за емисијата на новите возила

12/07/2019

На 24 јуни, Европската агенција за животна средина (ЕЕА) објави податоци за емисиите на новите патнички автомобили и комбиња во 2018 година. Во 2018 година, просечните емисии на јаглерод диоксид (CO2) од новите патнички автомобили регистрирани во Европската унија (ЕУ) се зголемуваат втора година по ред, достигнувајќи 120,4 грама CO2 по километар (g CO2 / km). Производителите ќе треба значително да ги намалат емисиите на нивната флота за да ги исполнат претстојните цели за 2020 и 2021 година.

Од 2010 до 2016 година, емисиите на CO2 се намалија за скоро 22 g CO2 / km. Меѓутоа, во 2017 година, просечните емисии од новите патнички автомобили се зголемија за 0,4 g CO2 / km и, според привремените податоци, нагорниот тренд продолжува со дополнително зголемување од 2,0 g CO2 / km во 2018 година.

ЕЕА констатираше раст на учеството на бензинските автомобили во новите регистрации, особено во сегментот на спортските (SUV) возила, како важен фактор за зголемување на емисиите на патничките автомобили во 2018 година. Понатаму, бавната пазарна пенетрација на возилата со нула и ниска емисија, исто така, се цитирани како главен фактор за зголемвањето.

Автомобилите на бензин сочинуваа 60% од новите автомобили што се продаваат во ЕУ и Исланд во 2018 година. Дизел автомобилите сочинуваат 36% од продажбата, што значи пад од 9% во однос на 2017 година и 19% во однос на 2011 година. Покрај тоа, SUV претставува 1/3 од вкупно 4,5 милиони новопродадени автомобили.

Европската комисија ќе потврди дали поединечните производители или групи успеале да ги исполнат сопствените специфични годишни цели, кои се базираат на просечната маса на регистрираните автомобили, кога ЕЕА ќе ги објавува конечните податоци кон крајот на 2019 или почетокот на 2020 година.

 

Извор: ЕЕА соопштение за јавност – Просечната CO2 емисија на новите возила и комбиња зголемена во 2018 година

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.