Според сегашните сопственици на марката Де Лореан, можно е скорашно појавување на легендарниот автомобил. Пред околу пет години беше напомнато дека популарното американско купе ќе се појави во 2017 година, но посочија можна потешкотија околу конструирањето на соодветна погонска единица, односно сакаа да кажат дека не бараат било каква, туку единица која ќе биде достојна на името. Како што можете да приметите, од тоа ништо не се случи, а „де лореан дмц 12“ остана само сон. На крајот од месец јануари стигна вест за оживување на моделот, но овојпат агрегатот ќе биде електричен. Во прашање е малотиражно производство од околу 350 примероци годишно, но да оставиме сета работа да слегне и кога ќе има нешто повеќе, тогаш во детали ќе го претставиме глумецот кој дел од својата слава ја стекна преку филмското платно со „враќање во иднината“.
Колку за информација, автомобилот е создаден од Џон де Лореан, додека обликот е створен во доцните ’70 години од минатиот век од мајсторот на дизајнот Џорџето Џуџаро. Поради мноштво неприлики кои го пратеа производството, автомобилот имаше кус период на постоење, од 1981 до 1983. Се надеваме наскоро ќе го видиме во ново – старо издание. Ново – старо издание затоа што ќе биде правен со денешнава најсоврмена технологија, а дизајнерски ќе претрпи само минимални измени.
Како што велат првичните извештаи од сопственикот на марката Де Лореан, конечниот дизајн треба да се појави некаде на средина од годинава, а веднаш потоа и „серискиот“ модел, ново стариот „де лореан дмц 12“. Ако се прашувате зошто токму оваа година е избрана за „римејк“ на „де лореан дмц 12“, одговорот е, автомобилот слави 40 години од своето постоење.
Жарко Атанасоски