DACIA SPRING ELECTRIC-АВТОМОБИЛ ЗА СИТЕ

29/03/2021

Производителот си го одржа ветувањето. Рече ќе претстави сериски автомобил на електричен погон што ќе биде меѓу најевтините и тоа се оствари. „Дачиа спринг“ е возило со должина од 3.734 и 1.622 мм ширина и како што велат одговорните, ќе се продава по цена од околу 12.000 евра. Дали цената е со или без дополнителни давачки, сè уште не знаеме.

Празното возило е тешко 980 кг, има пет седишта, еден електромотор сместен во предниот дел од возилото со силина од 45 КС и максимален вртежен момент од 125 Нм. Со овој електромотор возилото забрзува од 0 до 100 км/ч за 19,1 секунда, постигнува крајна брзина од 125 км/ч и со едно полнење на батеријата може да измине околу 230 километри. Одделот за товар располага со 300 литри зафатнина, но со склопување на задната клупа се добиват 600. Покрај спомнатите волумени, возилото има уште 23 литри дополнителен простор во одделот за патниците. Покрај патничкава изведба, производителот планира да претстави и карго изведба која ќе има 800 литри товарен простор со должина од 1.033 мм.

Дачија е во состав на алијансата  Рено-Нисан-Митсубиши и ова возило не е единственото евтино електрично, има уште две, но не се наменети за овдешниов пазар-„рено квид“ се продава само во Индија, а „рено сити к-зе“ само во Кина. Покрај основата, овие три возила делат многу нешта, или да кажеме станува збор за речиси едно исто возило. Или наједноставно кажано, Дачиа заедно со Алијансата нуди возило наменето за секој и за секаква прилика, што е голем плус за производителот. Сега ќе биде занимливо да се види што и како ќе одговорат останатите производители.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.