DACIA DUSTER-ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА „ДАСТЕР“

07/12/2023

Кога се појави моделот „дастер“ никој не се надеваше, а уште помалку предвидуваше дека еден ден ќе стане најпродаваниот сув на континентов. Покрај овој податок, вреден за спомнување е и следниов, од обновувањето на производството во 2004 год. под директна управа на Рено Груп, Дачија има продадено над осум милиони моторни возила. Денес Дачија е присутна во 44 држави, а семејството брои дури четири членови, „сандеро“, „џогер“, „спринг“ и сега најновата трета генерација од моделот „дастер“.

Новиот „дастер“ располага со сосема нов дизајн, ново лого, погонот на сите тркала е наследен од претходниците, но има и изведба чиј погон е само на предната оска и располага со три видови погонски единици, една како гориво користи гас, другата бензин (турбо 1,2 со умерена 48 V хибридна технологија) и третата е со хибриден погон со 140 КС. Релативно големото семејство се должи на платформата „цмф – б која за сите возила е иста. Така се намалува времето за производство на еден примерок, односно се поедноставува производството, а профитот е за неколку пати поголем. „Дачија дастер“ ги има следниве димензии: 4.340 мм должина 1.810 ширина и 1.660 мм висина, додека најниската точка од возилото се наоѓа на 20,9 см од подлогата, додека изведбата 4 х 4 е повисока за осум милиметри. Оваа изведба нуди пет режими на возење, „ауто“ каде автоматски се пренесува вртежниот момент на предните или задните тркала во зависност од потребата, „снег“ режим кој самиот кажува кога треба да биде вклучен, а ист е принципот на употреба и за режимот „кал / песок“, но и за тој „теренскиот“ (оф роуд) кога возилото е надвор од асфалтот.

И опремата во возилото е нова, има од сѐ по нешто, а не се заборавени ниту приврзаниците на екраните осетливи на допир. Досега се продадени 2,2 милиони „дастери“, но да не должиме, сите детали за возилото ќе ги добиете од увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.