CUPRA URBAN REBEL CONCEPT-СПОРТСКИ КОНЦЕПТ ЗА СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА

10/09/2021

 

Новата стара марка, стара како „сеат купра“, а нова само како „купра“, деновиве претстави електричен концепт возило кое го поистовети со градските, иако возилото не е од тие со мали димензии. „Купра урбан ребел концепт“ тоа е името на електромобилот за кој производителот вели дека возилото ќе биде пред сè за секојдневна употреба, но со спортска нота од која новосоздадената марка Купра не се двои. Според насоките кои ги зацртал производителот марката Купра како основа во своето кусо досие ги има следниве особини: брзина и спорт, но не е изоставена и врвната безбедност. Тие исти особини ќе ги има и оваа комбилимузина која засега е само концепт, но во 2025 ќе влезе во продажните места.

Од Купра ветуваат врвен спортски дизајн и уште поврвни спортски особини, односно концептот „урбан ребел“ ќе биде претставник на луксузните спортски автомобили од компактната премиум класа. Воопшто не се исклучува можноста овој модел да биде директен конкурент на Алфа Ромео и нејзиниот иден наследник во веќе наведената класа. Должина 4.080мм што значи „купра урба ребел“ е под сегментот Ц, односно е некаде во сегментот „б“ само што нема вистински конкурент. Тука директен одговор треба да даде Алфа Ромео со наследникот на моделот „мито“.

Велат „купра урбан ребел“ ќе има електричен погон еднаков на 435 КС, што е стравично голема силина за автомобил од „б“ класата. Затоа забрзувањето, исто така, е стравично, само 3,2 секунди од 0 до 100 км/ч. Ако Купра има намера да пушти ваков автомобил во продажба, тогаш останатите кои произведуваат вакви и слични автомобили треба под итно да се преслушаат или им следи клуч на врата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.