Крајно време беше и Шевролет да „скокне“ со нова „корвета з 06“. Линија која потсетува на претходните генерации, но со свој посебен белег и може да се каже дека новата „корвета з 06“ според обликот е најблиску до спортските купе автомобили од континентов.
Не е само обликот на автомобилот кој доживеал многу промени, туку и погонската единица добила нови доработки така што сега 5,5 литарскиот V8 мотор развива над 622 КС. Ако овие бројки бидат потврдени на светската премиера, тогаш овој мотор ќе биде единствениот сериски кој постигнал најмногу коњски сили без никакви помагала, односно ќе биде најмоќниот атмосферски мотор. Според претходно кажаното моторот ќе се врти дури до 9.000 врт/мин, така што звукот ќе потсетува повеќе на ферариевите автомобили, отколку традиционалниот звук што го имаат минатите генерации
Жарко Атанасоски