Чери е еден од најголемите највлијателни производители на моторни возила во Кина и воедно најголем кинески извозник на автомобили и тоа 19 години по ред. Да потсетиме, Чери го претстави најголемиот сув во семејството „тиго 8 про макс“, кој всушност е продолжение на најуспешниот кинески сув, моделот тиго 8 про“. Тоа е класика од сув со пет седишта, семејно возило, кое до денес е продадено во 500.000 примероци. Ниту еден друг кинески автомобил од класата не е продаден во толкав број.
Сега производителот оди подалеку – ја лансира продолжената изведба наречена „макс“, односно „тиго 8 про макс“, во луксузно пакување, која претставува дополнување на успешниот „тиго 8 про“. Одговорните тврдат дека сега продажбата ќе се зголеми за најмалку 30 отсто, бидејќи во понудата на светски популарниот „тиго 8 про“ влегува со две изведби, петтосед и седмосед.
За седмоседот, изведбата „макс,“ наменет е нов 2,0 литарски турбо мотор со 254 КС при 5.500 врт/мин. максимален вртежен момент од 390 Нм и погон на сите тркала.
Луксузна изведба од седмоседот е наречена „егзекјутив“, со кожa, со дрво и со што уште нѐ. Од сe по нешто и за секого. Така работи Чери кога е во прашање освојувањето на нови купувачи низ светот. Цена? Велат цената ќе биде многу поволна, бројка од која на европските производители нема да им биде сеедно.
Жарко Атанасоски