CANOO EV-СОНЦЕ, НОВ ДИЗАЈН И КАМПУВАЊЕ

22/03/2021

Нешто ново во светот на моторните возила – нова марка возила од сончевата Калифорнија, нејзиното име е Кану. Производителот во својата програма веќе има развиено две возила, а уште две чекаат пред вратите на развојното одделение. Третото возило беше претствено деновиве, така што допрва ќе ја претставуваат лимузината или комбилимузината како последна, засега, во семејството. Да потсетиме, сите возила ќе користат електрична енергија како гориво за „агрегатите“. На основа од платформата „б 2 б“ развиена со сопствени сили, производителот на пазарот планира да исфрли еднопросторно возило, стопанско доставно возило, товарно пик ап и лимузината што ја спомнавме.

Досега најавените возила се одликуваат со крајно едноставен, но и интересен дизајн. Во дeнешно време најчесто гледаме чудни линии, со светла кои не наликуваат на ништо, односно на нешто апстрактно. За разлика од сегашниов правец, компанијата Кану се издвојува од останатите со едноставниот и допадлив дизајн. Досега двете претставени возила, заедно со најновово, пикапот, имаат слични и препознатливи линии, што е добро испланирана стратегија кога е во прашање градење на посебноста на марката.

„Кану пикап“ е конструиран од минимум простор да се постигне најдобро изведен товарен простор и крајно рационален, практичен и удобен патнички оддел. Праволинискиот облик ја нагласува чистината на дизајнот, а единствената сверна површина е балонски изведеното ветробранско стакло. Внатрешноста, односно седиштата и сè останато може да се расклопува според потребите на патниците со што се нагласува практичноста на возилото. Не само што внатрешноста може да се подесува, туку и целото возило може за еден миг да се пренамени во возило за кампирање. Погонот на сите тркала заедно со кампирањето го прави „кану пикап“ како створено за авантури.

Како што велат конструкторите, теренското возило со носивост од околу 950 килограми и товарен простор со должина од 1,8 метри, ќе располага со 600 КС, а со едно полнење на батеријата ќе може да изминува повеќе од 330 км. Засега тоа е сè за ова возило, а за повеќе ќе треба да почекаме до почетокот од 2023 година за кога е најавен почетокот на продажбата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.