Кадилак отсекогаш бил луксузна марка и никогаш не бил во таканаречените „конфекциски“ автомобили, затоа воопшто не е чудно што на средина од месец јули, на домашен терен во кругот на новата фабрика, го претстави концептот „солеи“ луксузен кабриолет со 2+2 седишта. Велат, Кадилак малку подзаборавил на кабриолетите што е вистина, но еве сега со напливот на електрификацијата, производителот го враќа сјајот на лимузинските кабриолети, модел кој сигурно ќе биде достоен наследник на грандиозните кабриолети од ’60 и ’70 години од минатиот век, „кадилак де вил“ и „кадилак севил“.
Која е намерата на Кадилак со овој концепт, тоа допрва ќе дознаеме, затоа штопокрај детално опишаниот луксуз и дизајн, Кадилак други детали не даде, освен дека концептот е целосно електрифициран и толку. Нема никакви детали за и околу погонската единица или кој било друг технички детаљ.
Рачно направената луксузна лимузина „селестик“ претставена во јануари, ќе биде произведена во неколку стотина примероци, а сопствениците ќе можат заедно со дизајнерите на внатрешноста да соработуваат, да бираат материјали, дезени и сѐ друго што е во одделот за патниците. Ваквиот пристап до купувачите влече пари луксузна лимузина е еднаква на луксузна цена 350.000 долари. Сега си го поставуваме прашањето дали и концептот „солеи“ го чека истата судбина? Можно е такво нешто затоа што подзаборавениот облик, кабриолетот, сега испливува на површина како концепт и многу детално се опишува истото, како да сака да им објасни на потенцијалните купувачи што сѐ има во кабриолетот, односно потајно им вели „вие можете да ја уредите внатрешноста по ваш вкус“.
„Кадилак солеи“ е електричен кабриолет и најверојатно ќе ја наследи погонската единица од 5,5 м долгата лумузина „селестик“ тоа се два електромотори за погон на сите тркала, способни да произведат силина од 600 коњи, да забрзуваод 0 до 100 км/ч за 3,8 сек и со едно полнење на батеријата да измине 500 км, а потоа следи самоподесувачко воздушно обесени тркала итн. Ќе видиме што ќе подготват во Кадилак и дали концептот „солеи“ ќе стаса до сериско производство (или сериско ограничено производство). „Солеи“, тоа е кованица од „сол“ за сонце и „лежр“за уживање. Значи „кадилак солеи“ е кабриолет за уживање под сонцето. А кој кабриолет не е за уживање? Покрај сонцето и уживањето, заборавиле во иметода го внесат и луксузот.