BYD SEAGULL-ГАЛЕБОТ ЌЕ СЛЕТА ЗА ДВЕ–ТРИ НЕДЕЛИ

20/04/2023

Велат Кина сѐ уште треба да учи како се прават автомобили. Така е, цел живот се учи по нешто, но Кинезите не само што научиле како се прават автомобили, туку и умеат истите да ги продадат. Ако не сте знаеле марката БЈД („билд јуар дрим“ = оствари го својот сон) продала 911.000 електрични возила во 2022, тоа значи второ место во светот по Тесла со 1,31 милион продадени електромобили. Второпласираната марка во светот деновиве ги објави првите официјални фотографии од најмалиот модел во семејството.

За пофалба е дизајнот, сегмент за кој останатите производители многу им забележуваат на кинеските. Ова се димензиите на новата комбилимузина, должина 3.780 mm ширина 1.715 mm, висина 1.540 mm и меѓуоскино растојание од 2.500 мм. Некаде во јануари кога светот дозна за овој модел од фотографиите за време на тестирањата, некои новинари почнаа да ја објавуваат цената. Таа се движеше од 8.000 до 9.000 евра во зависност дали е за основниот модел или малку поопремениот.

 

Денес калкулираат со бројки од околу 10.000 евра, а колку ќе чини во реални околности сѐ уште не знаеме, но затоа знаеме дека електромоторот во класичната комбилимузина во себе има 75 КС. Останатите технички податоци ќе ги дознаеме наскоро, односно на крајот од овој месец за кога е закажана продажбата, тоа значи галебот ќе слета за две – три недели.

Предност при купувањето ќе имаат домашните купувачи, а потоа останатите пазари на планетава.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.