СМЕСТЕН ПОМЕЃУ ЕЛЕГАНТНИОТ ПАРИЗ И ОПУШТЕНИОТ БЕРЛИН, БРИСЕЛ Е ПРИМАМЛИВА ПОЧЕТНА СТАНИЦА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА БЕЛГИЈА. ПРВАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА БРИСЕЛ Е ЕУ, ПАРЛАМЕНТОТ, ПОЛИТИКАТА… НО ОВОЈ ГРАД ИМА МНОГУ ПОВЕЌЕ ДА ПОНУДИ ОД ОНА ШТО НА ПРВ ПОГЛЕД СЕ ОЧЕКУВА.
Толеранцијата и дипломатијата се клучните зборови што ги поврзуваме со Белгија, земја во која Французите, Холанѓаните, Австријците и Шпанците имале големо влијание во обликување на една култура. Со поволностите што Белгија, една од најмалите држави во Европа, им ги нуди на своите жители и на посетителите, стои рамо до рамо со многу поголеми земји. Со својот главен град – Брисел оваа мала држава може да биде на самиот врв на некои топ-листи во светот.
Кога многумина ќе слушнат за чоколада, прво помислуваат на Швајцарија, а пивото го поврзуваат со Германија, Чешка, па дури на крајот со Белгија. Сепак, и покрај овие стереотипови, Белгија е земја со најдобро пиво и чоколада во светот! Најпознатите работилници во кои се произведуваат овие два производа, а на кои им се восхитува цел свет, се наоѓаат во Брисел и во Антверпен или околу нив.
Во Белгија има повеќе од 900 вида пиво, па љубителите на овој пијалак можат да останат без здив кога само во некои пивници во стариот центар на Брисел или во Антверпен ќе откријат повеќе од 200 вида пиво, црно, бело, светло, со арома, безалкохолно, со 5%, 7%, 9%, 11% алкохол… Ќе им се врти во главата од секој вкус, а мали се шансите некоја пиварница да не стане место каде што постојано ќе го наминувате додека престојувате во Брисел.
Слично се случува и со чоколадата. На секој агол се наоѓаат продавници во кои може да се купат рачно подготвени чоколади со различни додатоци и проценти на какао, во шарени пакувања, во многу форми и со можност за дегустација од чоколадните фонтани што мамат од излозите. Ако сте љубител на чоколада треба задолжително да побарате некоја од продавниците на Пјер Марколини и да ја пробатеоригиналната белгиска чоколада Cote d’Or, Callebaut или Jacques.
ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИИ
Брисел е главен град на една необична политичка креација – ниту држава ниту федерација и неофицијален главен град на Европската унија. Сместен е во средишниот дел на државата и се граничи со регионите Валонија и Фламанија. Составен е од 19 општини, а зафаќа површина од 32,61 квадратен километар.
Белгија може да се претстави како минимодел на Европската унија, бидејќи е составна од три дела во кои се зборува на различни јазици, во кои живеат три народи, со посебни влади и училишни системи. Како Европската унија, така и Белгија има внатрешни недоразбирања и политички кризи, а на моменти е на раб на распаѓање. Но и покрај предизвиците, Брисел се спротивставува на дезинтеграцијата во Белгија, но и во целата Унија. Покрај Европската комисија, Советот на Европа и второто седиште на Европскиот парламент, во овој град, од 1967 година се наоѓа и седиштето на НАТО. Со така висока концентрација на политички организации во т.н. Европска четврт не е чудно што Брисел го темели својот урбанистички план за во иднина, пред сè, врз изградбата на овие институции и околу нив. Со многубројните културно-историски знаменитости денес Брисел е една од најпосетените дестинации во Европа. Задолжително видете ги Атомиумот, паркот и музејот Cinljuantenaire, Grand – Palace и еден од симболите на Белгија – Белгискиот центар за уметност на стрипот. Атомиум е симбол на модерниот Брисел. Висок е 102 метра, а ја симболизира структурата на девет атоми алфа – железниот кристал. Постои од 1958 година, а изграден е за потребите на Светската изложба. Исто како Ајфеловата кула, имал само привремена функција, но, сепак, останал до ден-денес. Меѓу девет топки споени со цевки се движи лифт, а од врвот се укажува прекрасен поглед.
Меѓу тесните улици со калдрма неочекувано се отвора Grand-Place (Grote Markt), економско и општествено срце на Брисел. Овој плоштад важи за еден од најочуваните и најубави плоштади во Европа. Во низата готски градби доминира Hôtel de Ville, изграден уште во 15 век. Од спротивната страна се наоѓаат Градската куќа и Maison du Roi од 1515 година. Овде може да се видат раскошни еснафски куќи што сведочат за трговската моќ на Брисел. На Grand-Plase се одржуваат многубројни манифестации.
Во текот на вашата прошетка, водени од миризбата на прочуената белгиска вафла, ќе наидете на можеби најзначајното обележје на градот и симбол на бунтовниот дух и хумор на Белгија, а тоа е Фонтаната Манекен Пис (Manneken Pis), мала бронзена статуа која прикажува дете кое мокри, висока само 61 см. Неколку легенди се однесуваат на статуата на Манекен Пиз, а една од најпознатите вели дека во 14 век непријателите ги минирале градските ѕидини со експлозив за да го освојат градот. Момчето кое видело што се случува го спасил градот уринирајќи врз запалениот фитил. Градската куќа е раскошно готско здание од 15 век. Многубројните детали на градбата сведочат за моќта на стариот Брисел. Кулата е висока 97 метри, а на неа се наоѓа статуата на свети Михаил, заштитникот на градот. Некои простории се користат за венчавки, свечени приеми и за концерти, а во нив можат да се видат голем број уметнички дела.
Parc du Cinquantenaire е преубав парк што зафаќа површина од околу 30 хектари. Главен симбол на паркот е Триумфалната капија, изградена во 1905 година. Тука се наоѓаат и преубави градини, фонтани, како и неколку музеи: Воениот музеј, музеите Cinquantenaire и Autoworld каде што има околу 350 олдтајмери.
Parc de Bruxelles i Palais Royal – Спаѓаат во најубавите и најпознатите градби во Брисел, групирани околу познатиот Parc de Bruxelles. Тука е и Palais des Académies, поранешна резиденција на кнезот од Orange, потоа Place du Trône, импресивна статуа на кралот Леополд II. Спроти паркот се наоѓа Palais Royal, настанат во 19 век, во текот на владеењето на Вилијам I. Денес палатата се користи како кралска канцеларија. Секое лето палатата со сите знаменитости се отвора за јавноста.
И кога ќе се заситите од музеи и ќе се заморите од тесните улички преполни со продавници, седнете некаде и јадете школки – традиционален белгиски специјалитет што го има на повеќето менија истакнати на плочите на улиците.
Брисел е град за уживање и за релаксирање и затоа е прекрасна дестинација за совршено патување.
ЌЕ ПАТУВАМ ВО БЕЛГИЈА, КАДЕ МОЖАМ ДА ЗАШТЕДАМ СО МОЈАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА?
СО ПРОГРАМАТА SHOW YOUR CARD! КАКО АМСМ ЧЛЕНОВИ ШТЕДИТЕ КАДЕ И ДА ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА НАШАТА ЗЕМЈА, НО И ВО НАШАТА ДРЖАВА. ШТО ЗНАЧИ ТОА? ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СО ПОКАЖУВАЊЕ НА ВАШАТА АМСМ ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА ВО ПРОДАЖНОТО МЕСТО SYC! КАДЕ ШТО ЌЕ ЈА ПРЕПОЗНАЕТЕ НАЛЕПНИЦАТА СО ЛОГОТО SHOW YOUR CARD! НА САМИОТ ВЛЕЗ, ВИЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ ОД 10% ДО 50% ПОПУСТ.
ROYAL MUSEUMS OF ART & HISTORY
Museums & Galleries – BELGIUM
The Royal Museums of Art & History e составен од неколку музеи како Музејот на музички инструменти, Музејот за далечниот исток, Порте Де Хал. Членови на АМСМ добиваат попуст на влезниот билет.
FOUR POINTS SHERATON
Hotels / B&B
Сè што барате од еден хотел на едно место одлична услуга по одлични цени. Стилско урдени соби, удобни кревети и вкусна храна. Членови на АМСМ добиваат од 5% до 20 % попуст.
ATOMIUM
Castles / Palaces / Monuments – BELGIUM
Симбол на Брисел кој претставува еден од најзначајните туристички атракции на градот. Членови на АМСМ добиваат попуст на влезниот билет.
HARD ROCK CAFE
Cafés & Restaurants – присутен во 19 земји
Еден од најпознатите светски франшизи чии ресторани се распространети низ целиот свет. Членови на АМСМ добиваат 10% попуст на храна и безакохолни пијалоци.
BRUGGEMUSEUM GRUUTHUSE
Museums & Galleries – BELGIUM
Градска палата во која ќе се чувствувате како во петнаесетиот век. Членови на АМСМ добиваат попуст на влезниот билет.
GUIDO GEZELLEMUSEUM BRUGGE
Museums & Galleries – BELGIUM
Животот и делата на познатиот писател Guido Gezelle (1830-1899) претставени во неговиот дом. Членови на АМСМ добиваат попуст на влезниот билет.