Според известувањата кои доаѓаат директно од БМВ, на 29 овој месец производителот премиерно ќе претстави концепт во облик на „сув“. Погонот ќе биде хибриден, но возилото нема да биде од тие веќе видените туку најверојатно ќе биде нешто големо и гломазно и ќе носи ознака „м“. Штом таа буква се појавува во името веднаш станува јасно што подготвува БМВ да вгради во концептот, а тоа е вградување на погонска единица. Ќе биде нешто со многу цилиндри и со многу коњски сили, како што му прилега на едно возило од БМВ со ознака „м“.
Можно е да ја употреби веќе познатата V8 единица со зафатнина од 4,4 литри засилена со двоен турбо компресор, а во игра е и единицата со шест цилиндри во линија. Сега најмоќниот мотор се наоѓа во „м 5 цс“ со посед на силина од точно 627 коњи. Хибридниот погон во концептот ќе ги има тие 627, а ќе добие уште стотина од електричниот погон, така што на повидок е силина од над 700 коњи. Ова нема да биде типичен концепт туку изведба пред производство, односно ќе биде речиси сериски модел со придавка „концепт“.
Производството како и на сите други сув возила, ќе биде организирано во фабрика Спартанбург во САД, најголемата на БМВ . Таму како што е познато, веќе се произведуваат: „икс 3“, „икс 4“, „икс 5“, „икс 6“ и „икс 7“. Ќе почекаме до 29 ноември да видиме што подготвил БМВ, а потоа во целост ќе го претставиме новиот сув од групата „м“.
Првата официјална фотографија БМВ ја сподели на социјалните мрежи.
Жарко Атанасоски