BMW M2-ПОВТОРНО БМВ СО НЕГОВАТА ДИВИЗИЈА МОТОСПОРТ

15/10/2022

Главни одлики на втората генерација од подмоделот „м 2“ се: 460 КС произведени во 3,0 литарски мотор со шест цилиндри во линија доволни автомобилот да постигне брзина од 100 км/ч за 4,3 секунда. Најзанимлив дел е менувачката кутија која е обична, а не автоматска. Сѐ е тоа убаво со автоматските менувачи, но потенцијалните купувачи се изјасниле дека повеќе го почитуваат обичниот од автоматскиот менувач.

Производителите мора да ги почитуваат желбите на купувачите и еве го БМВ им излегува во пресрет. Спомнатата силина од 460 КС како по традиција се пренесува на задната оска, овој пат со обичен шест степен менувач. Сепак и за тие што обожуваат автоматски менувач, БМВ вградил и таков со тоа што оваа изведба е потешка за 25 кг или вкупно 1.754, но затоа е побрза за 0,2 секунди односно постигнува 100 км/ч за 4,1 секунда. Моторот заедно со каросеријата и подвозјето, сето тоа е наново доработувано и притегнувано за да може таа силина да дојде до целосен израз. Тоа мора да биде така затоа што оваа изведба не е од тие обичните туку носи ознака „м“, а тоа во БМВ значи „моторспорт“.

Вторава генерација е малку поширока од првата за 33 мм и изгледа поагресивно со предните отвори за воздух. Димензиите на втората генерација „м 2 “ се следниве: 4.580 мм должина, 1.887 мм ширина и 1.402 мм висина или подолга за 104 мм и пониска за 7,6 мм. Цената е некаде околу 70.000 евра според првите најави.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.