Ако ги рангираме автомобилите според нивниот дизајн, тогаш концептот „и вижн циркулар“ во сопственост на БМВ е највпечатливиот во семејството. Затоа ѝ го одбравме да биде објавен, бидејќи е најпривлечен, веднаш се забележува и предизвикува инстант внимание кај посетителите на изложбата. Дали еднопросторното возило со четири седишта, ќе биде во рангот на „единицата“ или под неа сè уште не се знае, но ако шпекулираме тогаш можеме да го прогласиме како наследник на „единицата“. Можеби БМВ подготвува нешто како воведен модел, практично градско возило од премуим класата кое ќе биде сместено пред „единицата“. Сè е можно и сè е во игра, ништо не е исклучено.
Под една капа и мотор и оддел за патници и тој за товар. Сето тоа убаво спакувано во брановиден дизајн, поточно творецот на обликот, користел меки линии при создавањето на изгледот. Премиум возилата, кажува и самото име, носат во себе луксуз. И концептот „и вижн циркулар“ е луксузно возило со сите потребни и современи електронски ситници, камери, сензори и наместо екрани осетливи на допир имаме табла изработна со 3Д технологија.
Тоа продолжува со електронските системи кои се одговорни за безбедноста од типот на уредот за против блокирање на тркалата, уредот за целосен контакт на тркалата со подлогата итн. Производителот го нагласува целосното производство на концептот од рециклирани материјали, што е голем плус за производителот кој ќе си „залепи етикета“ како одговорна компанија која се грижи за животната средина. Управувачко тркало е направено од дрвени струготини, а батеријата од рециклирани батерии, така што тешките метали за потребите на батеријата не се вадени од природата, туку од потрошените батерии.
Жарко Атанасоски