ОВА ШТО СЕ СЛУЧИ ГОДИНАВА НА ИЗБОРОТ ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА, ГО ИМА САМО НА ФИЛМ, НО СЕ СЛУЧИ И ВО РЕАЛНОСТ. ВАКВА ГУЖВА НА ВРВОТ ДОСЕГА НЕ СЕ СЛУЧИЛА, А МЕСТОТО БРОЈ ЕДЕН НА ПОДИУМОТ СЕКОГАШ Е РЕЗЕРВИРАНО САМО ЗА ЕДЕН УЧЕСНИК.
Како мина годинашниов избор за Автомобил на годината на континентов, тоа најдобро може да се дознае преку бодовите кои ги добија автомобилите. Седумте финалисти имаа ретка можност да бидат спомнати за време на Салонот за автомобили во Женева каде се одржа прогласувањето на победникот и церемонијата на доделување на наградата.
Како што е ред, да ги спомнеме финалистите уште еднаш „алпина а 110“, „цитроен ц 5 еркрос“, „форд фокус“, „јагуар ај – пејс“, „киа сид“, „мерцедес – бенц а каса“ и „пежо 508“. Според гласањето на жирито, за носител на титулата за 2019 година е „јагуар ај пејс“, сув возило од луксузната класа. Марката на производитлот кажува сè – Јагуар. Ретко се случува автомобил од ваква марка да биде носител на титулата. Ако одиме според нештата кои се случувале во минатото, Мерцедес со „се 450“ во 1974 е носител на на- градата, Порше во 1978 со моделот „928“, а како вистинска реткост мора да се спомне второто место на Ролс Ројс со моделот „силвер шедоу“ во 1966 година, а тука некаде со вторите места се: „Мерцедес 600“ во 1964 година и БМВ со моделот „7“ во 1978. Луксуз од највисоката класа кои речиси беа прогласени за носители на титулата.
Jaguar I-Pace
Претходно спомнатото е една од реткостите при гласањето и прогласувањето, а втората реткост е бодовната ситуација на првиот и вториот кандидат, „јагуарот“ с 250, но и второпласираната „алпина 110“ има 250, но не е прва. Сега си го поставувате прашањето зошто?. „Алпина 110“ е расно тркачко грло, суров спортист, нешто како „алфа ромео ц 4“, „порше кајман“, нему не му се својствени четири седишта и голема удобност, но затоа таа удобност ја поседува „ај пејс“ и затоа судиите одлучуват да му дадат предност на првото јагуарово сув возило. Победата не е тесна туку повеќе од тоа. Дополнителна прашина дигна третопласираната „киа сид“ со само три бодови помалку од тие пред неа. Еден избор за Автомобил на годината да биде во толку голем теснец, такво нешто досега не се случило. Што мислите, како се чувствуваат конструкторите на Рено од спортскиот оддел Алпина сега кога изборот е завршен и кога Јагуар им ја одзема титулата само затоа што има поголема удобност? И вакви чуда се случуваат, сакале или не.
Alpine A110
Кia Ceed